10:41 - 7 ноември, 2026

Прво огласување на Јелена Карлеуша по веста дека Душко има нова девојка: Проговори за одмазда и порача една работа

Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ

Српската пејачка Јелена Карлеуша е повторно активна на социјалната мрежа Икс, каде што нејзината последна објава привлече големо внимание од јавноста.

Во текот на својата кариера, таа често се соочуваше со критики и предизвици на деловен и приватен план. Во неодамнешното интервју за „Пинк.рс“ таа зборувала за разочарувањата, предавствата и тешките моменти низ кои поминала, признавајќи дека повеќепати размислувала да се повлече од сцената.

Сепак, нагласила дека нејзините обожаватели ѝ дале најголема поддршка и мотивација да продолжи.

Иако некои мислеле дека Јелена има одмаздољубив порив, таа со својот нов статус на Икс го покажала спротивното.

„Знаете како ќе им се одмаздам ​​на оние што ми направија толку многу зло? Никако. Нема да се одмаздувам. Ќе ги заборавам. Веќе ги заборавив. И ќе бидам среќна“, порачала пејачката на оваа социјална мрежа.

Да потсетиме, јавноста неодамна беше шокирана од веста дека поранешниот сопруг на Јелена Карлеуша, Душко Тошиќ, има нова девојка. Како што објави „Пинк.рс“, тој е во врска со Нора Миловановиќ веќе половина година, а извор близок до поранешниот фудбалер наведува дека се препознале на прв поглед.

Новата избраничка на Тошиќ е 10  години помлада од него, а зад себе има исто така има брак и две деца зад себе. Инаку, Нора шест години живеела во Будимпешта поради студиите.

Душко Тошиќ накратко ги потврди овие наводи за „Директно.рс“, додека извори блиски до новата двојка нагласуваат дека тие се неразделни.

 

 

Слични објави

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.
Се вчитува....