10:49 - 7 ноември, 2026

По раскинувањето со Маја Шупут се огласи и Шиме: „Тоа е наша приватна работа“

Маја Шупут ја изненади јавноста кога потврди дека повеќе не е во врска со Шиме Елез, а сега за првпат се огласи и поранешниот „Господин Совршен“.

Во изјава за хрватските медиуми, Елез кратко порача дека не сака дополнително да зборува за разделбата.

„Маја и јас никогаш не ги споделувавме приватните моменти со јавноста. Раскинувањето е наша приватна работа и така ќе остане, па не планирам дополнително да коментирам на таа тема“, изјавил тој.

Веста за прекинот прва ја потврди самата Маја, коментирајќи ја емисијата „Твоето лице звучи познато“, каде актерот Давид Балинт ја имитираше пејачката.

На прашањето што мисли Шиме за настапот, таа одговорила: „Морам да признаам дека не знам дали го следел настапот, бидејќи веќе некое време секој си живее своја реалност. Секоја приказна има почеток и крај, а ние веќе извесно време му се приближивме на овој вториот дел.“

Маја и Шиме ја започнаа врската минатата година и брзо станаа еден од најкоментираните парови во регионот, особено поради разликата во години. Често заедно се појавуваа на јавни настани и патуваа, а дел од заедничките моменти ги споделуваа и на социјалните мрежи.

Пејачката има син Блум од бракот со Ненад Татаринов, со кого беше во брак шест години.

Слични објави

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.
Се вчитува....