10.8 C
Скопје
01:21 - 4 април, 2026

Принцот Хари ја загуби тужбата: Животните на фотографиите кои ги објавувал биле дрогирани (ФОТО)

Нов удар за принцот Хари, кој сега ја загуби тужбата против британски таблоид, кој пишуваше за тоа дека две диви животни, кои принцот ги објави на својот официјалниот профил, биле дрогирани и врзувани, пишува „Си-Ен-Ен“.

Приказната почнува од април минатата година, кога принцот по повод Денот на планетата земја ги објавил спорните фотографии.

Фото: Инстаграм

Најмногу внимание привлекол слон кој исто така бил врзан, но поради начинот на кој сликата била уредувана, обожаватели не можеле да го видат јажето околу неговите задни нозе. 

Теренски водич во Малавија, Френк Витзер, кој за целото ова зборувал со новинарите на „Дејли Мејл“, исто така тој ден го фотографирал животните.

По фотографиите на Хари, насловот во весниците беше: Дрогирани и врзани…Она што Хари не ви го кажа за тие прекрасни фотографии од диви животни“.

Фото: Инстаграм

Принцот потоа се пожалил на организацијата за медиумските стандарди, истакнувајќи дека објавил фотографии за да се подигне свеста, а не да се прикажат вештините за фотографирање на диви животни.

Сепак, организацијата ја одби неговата жалба, објаснувајќи дека весниците не го прекршиле кодексот на самата организација.

Бакингемската палата одби да ја коментира оваа одлука.

Слични објави

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо

Едвај има место да се свртиш – вака изгледа кујната во вилата на Цеца Ражнатовиќ

E.A.
Се вчитува....