8.8 C
Скопје
18:54 - 27 октомври, 2026

Највисокиот водопад во Европа: Овде има снег и во јуни! (ФОТО+ВИДЕО)

Посетата на највисокиот водопад во Европа се препорачува за на лето, кога времето е најстабилно, бидејќи на ова место снегот во јуни не е никакво изненадување.

Вунуфосен или Винуфалет е највисокиот европски водопад и шести највисок на светот. Водопадот се издигнува на 860 метри висина во норвешкото гратче Сундалсер.

Водопадот е дел од реката Вину, која се слева низ планината Винуфјелет, а која водата ја добива од ледникот Винуфон.

Иако на врвот на планината може да се забележи снег дури и во јуни, локалците велат дека Винуфосен е најдобро да се посетат во летните месеци, кога времето е најстабилно.

Во Норвешка инаку се наоѓаат девет од вкупно 20-те највисоки водопади на светот.

Не станува збор само за прекрасни чуда на природата, туку и за значајни извори на енергија, бидејќи Норвежаните поголемиот дел од својата енергија ја добиваат токму од водата.

Слични објави

(Фото) Ќеркичката на Емра Куртишова и Петар Стојанов наполни три години: „Секоја фотографија, една мала приказна за љубовта наречена Лена“

Еспресо

„Стомакот ми беше полн со крв“ Теа Таировиќ се огласи од болница по операцијата

Еспресо

(Фото) Владо Георгиев повреден, рамото во гипс: „Паднав пред 7 дена и го претчувствував падот на владата“

Еспресо

„Има 88 гаражи на Менхетен и 1.500 работници“: Бизнисот на новиот партнер на Мина Костиќ предизвика поделени реакции

Е.А.

Ручек што ќе го обожава целото семејство — кремасто пилешко со печурки во сос од павлака

К.С.

Двапати животно загрозена во рок од три месеци: Теа Таировиќ итно оперирана поради внатрешно крварење

Е.А.
Се вчитува....