19:52 - 30 јануари, 2026

Препознајте дали сте во токсична врска со помош на експертката Луана Вард: Овие девет совети се клучни

Експертката за врски Луана Вард открива девет знаци по кои можете да препознаете дека вашата врска е токсична како и совети што е можно побрзо да излезете од таквата врска.

Партнерот ве контролира

Знак број еден дека сте во токсична врска е ако сте со некој што ве контролира во сè и не ве почитува.

„Внимавајте на мажите кои очекуваат вашиот живот да се врти околу нив“, истакнала Вард.

Постојано ве критикува

Ако вашиот партнер постојано ве критикува, без разлика дали станува збор за вашата облека или како сте постапиле во одредено сценарио, треба да излезете од врската.

„Лошите партнери ќе се фокусираат повеќе на вашите маани отколку на вашите доблести и тоа воопшто не е добро“, истакнала Вард.

Чести озборувања

„Ако личноста со која сте во врска е зависна од драма и многу често сака да озборува, тогаш не треба да бидете со неа“, предупредува Вард.

Бројни нефункционални врски

Ако вашиот партнер имал проблеми во одржувањето на врската во минатото, без разлика дали станува збор за приватен или деловен живот, веројатно има некаков проблем во неговиот карактер.

„Треба да бидете уште позагрижени ако тој секогаш вели дека никогаш не е виновен“, истакнала Вард.

Лаги

Патолошките лажговци не се невообичаени и ќе кажат сè само за да се извлечат од наведената ситуација.

„Дури и ако имате докази што се спротивставуваат на кажаното, патолошкиот лажго сепак ќе лаже за да излезе од одредена ситуација“, истакнала Вард.

Манипулација

„Ако сте со некој што користи манипулативни тактики за да го постигне посакуваниот исход, дури и ако ве повреди при тоа, тогаш веројатно сте во токсична врска“, истакнала Вард.

Луѓето кои се жртви на манипулација, честопати се чувствуваат збунето, вознемирено и неспособно.

Изливи на гнев

Дали сте забележале дека вашиот партнер реагира бурно дури и кога станува збор за банална работа? Ако имате чувство дека не можете да го контролирате неговиот темперамент, време е да ја преиспитате вашата врска.

Го крие своето вистинско лице

Ако партнер надвор од домот или во општеството секогаш се однесува поинаку отколку кога е со вас, тоа значи дека тој се преправа дека е некој што не е, и не ви треба такво лице во животот.

„Она што надворешниот свет го гледа во однос на тоа кој е зад затворени врати, никогаш не е исто“, истакнала Вард.

Лажни емоции

Партнер кој не покажува емоции – е доволно добра причина да се стави крај на врската, но што кога имате чувство дека вашиот партнер покажува емоции, но лаже? Ако се сомневате дека вашиот партнер не е искрен со вас, дури и кога станува збор за чувства, тоа е знак дека сте во токсична врска.

Слични објави

Босанац купил стан од Вики Миљковиќ: Тој има една од најскапите вили во Белград, сега стана сопственик на уште една недвижност

Еспресо

Даваше, а и уште ќе дава: Харис Џиновиќ ја заборави Мелина, сега си „бркна“ 20 години помлада

Еспресо

(Фото) Најжешкото издание досега: Јована Јеремиќ позира во чипкан градник и мрежести хулахопки

Еспресо

(Фото) Изгледа 20 години помладо: Кристина Агилера позираше топлес на Модната недела во Париз

Еспресо

(Фото) Ален Исламовиќ годишно заработува 50.000 евра само од ова: Вака изгледа луксузната вила со базен, тениско игралиште и плантажа со лешници

Еспресо

Душица Јаковљевиќ потврди дека Мина и Каспер влегуваат во „Задруга 9 Елита“: Откри детали за нивната врска зад камерите

Еспресо
Се вчитува....