22:35 - 30 јануари, 2026

Правела селфи на работ од карпа и паднала во провалија од 30 метри!

Британскиот модел Мадалин Дејвис се качила на карпа со пријателите за да направи добро селфи од заоѓањето на сонцето. За жал таа се лизнала и ѝ исчезнал секој траг, семејството смртта ја објавило во саботата.

„Изгледа дека Меди седела на работ од карпата за да се сликне, кога паднала. Тоа е огромна трагедија. Беше живот и душа од девојка, секогаш се трудеше убаво да си поминат сите. Сакаше да види и направи се за да се забавува, тоа ја доведе и до кобната несреќа“, рекла Лидија Вудвард, семејната пријателка на британската манекенка Мадалин Дејвис (21).

Манекенката наводно се преселила од Англија во Австралија. Во саботата вечер таа присуствувала на прослава во близина на Сиднеј. Околу 18:30 часот одлучила да се качи на популарната карпа Diamond Bay за со пријателите да го види зајдисонцето, пренесува Daily Mail.

Instagram

Тие се качиле на карпата и ја прескокнале оградата за да седат на работ на местото популарно за фотографирање. Мадалин потоа тргнала да направи селфи, но се лизнала и паднала од 30 метри високата карпа.

После тоа ѝ се изгубил секој траг.

Нејзината мајка Ребека Смит очајнички пробувала да ја добие откако сфатила дека Мадалин веќе подолго време не ѝ се јавила. Ги молела пријателките да и помогнат во пронаѓањето.

„Дали некој ја видел Меди? Не успеав да ја добијам, ве молам јавете се доколку вчера вечер сте биле со неа“, објавила на дружтвените мрежи таа.

Спасувачите го пребарале цело подрачје, а телото на Мадалин било пронајдено во саботата околу 22:30 часот.

Instagram

Во понеделник наутро нејзиното семејство ја објави смртта на нивната сакана ќерка и се заблагодари на сите пријатели за изразеното сочувство и убавите зборови.

„Не знаеме кој ќе отиде во Австралија поради идентификација на телото. Се уште ни е рано. Поминаа само 24 часа откако нашата Меди почина“, изјавило семејството.

Instagram

Мадалин само месец дена пред смртта им рекла на своите пријатели дека се забавува како никогаш досега во животот и дека нема намера да се врати во Британија. На инстаграм-фотографијата од Тајланд напишала:

„Не можам да верувам дека веќе месец дена патувам! Не се свртев кон минатото ниту еднаш, иако ми недостига старата работа. Многу сум возбудена поради својата иднина!“.

Instagram

Слични објави

(Фото) Ана Николиќ повторно во топ-форма: Го покажа згодното тело во проѕирен комбинезон

Еспресо

Мина и Каспер се разделуваат: По свршувачката, пејачката откри сè: „За два дена повеќе нема да бидеме заедно“

Еспресо

(Фото) Азис позираше со сопругот: „Ви посакуваме среќа на сите“

E.A.

Босанац купил стан од Вики Миљковиќ: Тој има една од најскапите вили во Белград, сега стана сопственик на уште една недвижност

Еспресо

Ја пронајде својата среќа: Харис Џиновиќ има нова партнерка која е 20 години помлада од него

E.A.

Даваше, а и уште ќе дава: Харис Џиновиќ ја заборави Мелина, сега си „бркна“ 20 години помлада

Еспресо
Се вчитува....