7.8 C
Скопје
10:01 - 1 април, 2026

Познатите стихови на Индира кријат болна љубовна тајна

Песната „Змај“ на Индира Радиќ е добро позната на целиот Балкан, но зад овие љубовни стихови се крие многу тажна приказна.

Авторката Марина Туцаковиќ најпрво сакала оваа песна да ја продаде на Цеца, но потоа се решила за Индира.

Се работи за момче и девојка кои се запознале и засакале уште во школските денови, нивната љубов била голема и сакале да се венчаат. Но, девојката се разболела од рак. Морале да ги откажат сите планови бидејќи требало да се лечи во болница.

Болеста била во одмината фаза и нејзе ѝ било јасно дека мали се шансите да преживее. Таа на своето момче му напишала писмо и го замолила да го прочита откако таа ќе умре. Тој од тага се опил и го прочитал уште истата вечер. Наредниот ден девојката починала.

Момчето го чувало писмото цели 15 години, по што решил да го продаде на Марина Туцаковиќ. Таа од писмото направила текст за песна, која важи за една од најтажните и најубавите љубовни песни на српската естрада.

Слични објави

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо
Се вчитува....