2.8 C
Скопје
23:09 - 23 февруари, 2026

Потресна приказна за рок легендата: Последните часови од животот на Милан Младеновиќ

На 5 ноември 1994 година Милан Младеновиќ починал од рак на панкреас, а со месеци се зборувало дека заболел од сида. Во последните часови на неговиот живот со него во собата престојувала неговата колешка од бендот, Маргарита Стефановиќ Маги.

За последните часови од животот на Младеновиќ во својата книга проговорила блиската пријателка на Маги, Лидија Николиќ.

„Еден ден пред смртта на Милан, Маги беше во својот стан на „Славија“. Заѕвоне телефонот. Можеш ли да дојдеш до кај нас? Милан сака да те види само тебе“, низ плач ја замолила мајката на Милан, Даница.

EKV
myelection.info/

„Маги веднаш фати такси и отиде во станот на Младеновиќ. Милан лежел во креветот. Било мрачно. Немој да плачеш, сето ова го знаевме“, ѝ рекол Милан.

„Побарал да ја стави главата во прегратката на Маги и таа да го гали. Тоа често го правеа. Ѝ заспал во прегратката. Останала неколку часа сама со него. На разделбата му рекла: Се гледаме утре. Ништо не ѝ одговорил, само нежно ја погледнал. Другиот ден почина“, раскажала Лидија Николиќ.

Некои велат дека музичарот во моментот на смртта имал само 35 килограми. Три месеци пред смртта му се слошило по еден концерт во Будва и итно бил префрлен во болница.

myelection.info/

 

Слични објави

Кристина Арнаудова ги откри грешките од минатото и раскажа како го сменила животот

Еспресо

(Видео) Луксузната вила на Каќа Живковиќ: Пејачката го покажа раскошниот амбиент

Еспресо

(Видео) „Уапсени во Амстердам“: Марија Шерифовиќ објави видео што ги загрижи фановите

Еспресо

(Фото) Азис покажа како изгледа со силиконските гради: „Со тек на време убаво ќе ми легнат“

Еспресо

Прва фотографија од сопругот на Деа Ѓурѓевиќ: Запознајте го Лазар, нејзината љубов од училишните денови

E.A.

Ѕвездата на „Онлифанс“ откри дека е бремена по скандалозниот предизвик со 400 мажи

Еспресо
Се вчитува....