15:14 - 13 ноември, 2026

(Видео) Се налути Марјан Коцев: Ме викаат на свадби, а ми забрануваат да пеам мои песни

Фолк-пејачот Марјан Коцев се налути и раскажа многу необична случка од свадбите на кои често настапува и откри што му е забрането.

„Во последно време имавме списоци, и тоа посебно од невестите. Кои песни не треба да се пеат!“, откри Коцев во емисијата „Вечер по осум која ја води Миро Кацаров. Потоа, се осврна и на неговата песна „Ти само ти“, големиот хит кој го нарече негова лична карта, а исто така го спомена и хитот од неговиот поискусен колега Ефто Пупиновски, „Туѓа си бескрајно“.

„Доаѓа со список да не се пеат: ‘Туѓа си бескрајно’ да не се пее, ‘Розо моја’ да не се пее, не знам што… половина репертоар! И ‘Ти само ти’. Ѝ велам: ‘Госпоѓо, како да не се пее? А зошто?’, ја прашувам. Таа ми вели дека оваа песна и здосадила. Таа е моја песна, таа ми е лична карта. ‘Па зошто тогаш ме викате јас да пеам на вашата свадба?“, рече Марјан Коцев.

Слични објави

Рада Манојловиќ инвестирала 55.000 евра во бизнис – еве колку пари ѝ носи секој месец

Еспресо

(Фото) Сите имаме мал црн фустан, но Нина Бадриќ покажа како да му дадеме сосема нов изглед

Т.Ц.

Сопругата на Саша Поповиќ останува сама во луксузната вила на Бежанијска коса, децата го напуштаат семејниот дом

Еспресо

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.
Се вчитува....