6.8 C
Скопје
08:41 - 18 март, 2026

Поранешната сопруга на Трамп: Нека игра голф, тоа е најдоброто нешто што може да го направи сега!

Instagram

Мислам дека уживаа да бидат покрај Доналд (Donald Trump) и да учествуваат во изборите, но сега е готово. Не сум сигурна какви им се плановите, но јас само им посакувам да продолжат со нормалниот живот, изјави Ивана Трамп (Ivana Trump).

По неколку дена неизвесност се обелоденија резултатите од американските претседателки избори. Победник е Џо Бајден (Joe Biden) (77), а резултатите ги коментираше и поранешната сопруга на Доналд Трамп (Donald Trump) (74), Ивана Трамп (Ivana Trump) (71). Посакала, како што вели, сета оваа драма да заврши што поскоро, но и истакнала дека се сомнева дека Трамп така лесно ќе се откаже.

– Тој е лош губитник. Не сака да губи па ќе продолжи да се бори, бори и бори, изјави Ивана за странските медиуми. Додаде дека сепак се надева дека ќе се соочи со реалноста и ќе отстапи.
– Тој мора да се повлече и да објави дека изгубил, раскажа Ивана па продолжи:

Фото: Профимедиа

– Јас само сакам сето тоа што поскоро да заврши, на ваков или таков начин. Воопшто не ми е грижа.

Нејзините деца Доналд Џуниор (Donald Junior)(42), Иванка (39) и Ерик (36) се чувствуваат добро, а нивната мајка едвај чека да ја напуштат Белата куќа.

– Мислам дека уживаа додека беа покрај Доналд и учествуваа во изборите, но сега е готово. Не сум сигурна какви им се плановите, но само сакам да продолжат со нормалните животи. Не со живот во Вашингтон, туку во Њујорк, или каде и да сакаат, но да водат нормални животи, порача таа.

Ивана прогнозираше дека ова би можело да биде крајот на политичката кариера на Трамп.

Фото: Профимедиа

– Мислам дека нема избор. Мислам дека ќе замине во Палм Бич и ќе игра голф и ќе води нормален живот. Тоа е најдоброто што може да го направи. Тој мрази да губи, сигурна сум во тоа. Но, доколку изгубил – изгубил. Има доволно пари, доволно места на кои може да замине и да ужива во својот живот, изјави Ивана за крај.

Таа со Доналд беше во брак од 1977 до 1992 година.

Слични објави

Хороскоп за 18 март: Овните ќе добијат убави вести за нова работа, Близнаците се вљубени до уши

Еспресо

„Изгубив половина од себе“: Дарко Лазиќ сподели емотивен спомен за братот Драган

Еспресо

(Фото) Заведува неверни мажи, а потоа јавно ги разоткрива: „Ми се закануваат, но нема да запрам“

Еспресо

Сале Тропико се „исповеда“ за разводот со Јована Пајиќ: „Најмногу болеше разочарувањето…“

Еспресо

„Никој не сакаше да му купи карта за концерт“: Каќа Живковиќ го „исплука“ Тони Цетински

Еспресо

Ова била одлуката на судот! Ана Николиќ објави нови докази за разводот на Рале и неговата прва сопруга: Еве што се случи со имотот

Еспресо
Се вчитува....