23:04 - 8 април, 2026

ПОМЛАДИТЕ ДЕЦА на НИКОЛ КИДМАН НЕМААТ ИНСТАГРАМ: Како актерката успева да се справи со 13 годишен тинејџер на оваа тема?

Актерката Никол Кидман со нејзиниот сопруг Кит Урбан ги воспитува своите деца на традиционален начин. Таа сака нејзините ќерки, 13-годишната Сандеј и тригодини помладата Фејт да градат свој став и самодоверба без влијанието на социјалните мрежи.

Фото: Инстаграм

Австралиската како специјална гостинка на панел дискусија во која се зборуваше за мајчините грижи ја отвори темата за децата и користењето на социјланите мрежи. Иако мајчинството е огромна радост за неа, 53-годишната ѕвезда вели дека нејзината цел е да ги води и воспитува своите деца, а не да стане „родител на хеликоптер“ кој постојано ќе ги надгледува или ќе им поставува услови.

Кидман вели дека се плаши од влегувањето на Сандеј и Фејт во светот на социјалните мрежи и признава дека и самата не ги владее многу.

Фото: Инстаграм

„Многу ми е тешко што морам да ги следам и надгледувам, но и понатаму нема да дозволам да бидат на Инстаграм. Во моментов, моето 13-годишно дете сака да се вклучи во сето тоа и тука има малку „повлечи – потегни“ на таа тема , но не попуштам. Мислам и дека многу родители би се согласиле со мене“, вели Кидман, чиј приоритет во воспитувањето е зачувување на самодовербата на децата.

Фото:Инстаграм

„Јас сè уште ги насочувам, но не им „командувам“. Им дозволувам да прават грешки, „паднат и сами да станат“ и да се обидат да ја апсорбираат таа болка. Има толку многу работи во воспитувањето на децата, но на крајот тоа е една голема радост. Радост е што овие две прекрасни мали жени растат и откриваат нови работи од ден на ден. Го сакам тоа“, вели Кидман.

Иако познатата актерка е блиска со своите биолошки ќерки, медиумите постојано пишуваат за нејзиното оттуѓување од Изабела и Конор, нејзините постари деца која таа ги посвои со поранешниот сопруг Том Круз. Заладувањето на односите наводно се случило по нивниот развод, а се верува дека Изабела (27) и Конор (25) како и Круз се членови на Скиентолошката црква.

Слични објави

Карлеуша со остри зборови за Теа Таировиќ: „Балканот не смее да биде синоним за…“

Еспресо

(Видео) Марија Шерифовиќ сподели интимен момент од Бали: „Дојде време да си кажам не“

С.П.

Бојана Лазиќ откри кога се враќа Зорица Брунцлик во жирито на „Пинкови ѕвезди“

Еспресо

Дали Ким Бесинџер со неочекуваниот потег ги закопа воените секири со Алек Болдвин?

Т.Ц.

(Фото) Дарко и Катарина Лазиќ ги покажаа мускулите во теретана – еве како го поминуваат времето заедно

Еспресо

(Фото) Ѕирнете во луксузниот пентхаус на Саша Ковачевиќ од половина милион евра: Има кралска бања, Ѓоковиќ му е сосед

Еспресо
Се вчитува....