6.8 C
Скопје
08:02 - 30 март, 2026

ПОЛУСЕСТРАТА НА МЕГАН МАРКЛ БАРА 75.000 ДОЛАРИ ЗА КЛЕВЕТА: Меган Маркл повторно на суд поради наводни изговорени лаги!

меган маркл, принц хари

Саманта Маркл, полусестрата на Меган Маркл, поднела тужба во Судот на Флорида обвинувајќи ја Меган за клевета „заснована на очигледно лажни и злонамерни изјави“ што и ги војвотката ги изјавила во интервјуто со Опра Винфри минатата година.

Меган и Саманта имаат ист татко, Томас Маркл, а сега Саманта тврди дека наводните лаги на Меган биле „дизајнирани да ја уништат нејзината репутација“ и ја подложиле на „понижување, срам и омраза на глобално ниво“, според Фокс њуз.

Саманта е лута поради „спинување“ на приказната „од сиромаштија до кралско семејство“ и смета дека верзијата ја измислила нејзината полусестра за сите да ги увери дека израснала во сиромаштија и дека се што постигнала во животот е благодарение на сопствената способност.

Саманта тврди дека нивниот татко Томас плаќал Меган да посетува елитни училишта и скапи приватни школи како и часови за глума и танц. Тврди дека татко им ја стипендирал Меган, а ги плаќал и нејзините трошоци за живот додека била студентка. Од друга страна пак, Меган во интервјуто за Опра изјавила дека се сама си плаќала зашто паралелно работела и студирала.

Полусестрата на Меркл ја обвинува и за уште една лага – кога рекла дека последен пат се виделе пред најмалку 18 години. Понатаму тврди дека Меган лажела кога изјавила дека Саманта го променила презимето во Маркл веднаш штом Меган почнала да се забавува со принцот Хари.

Слични објави

Хороскоп за 30 март: Овните прават важен чекор, Раковите конечно наоѓаат внатрешен мир

Еспресо

Сексуалност по 40-та: Како промените во телото да ги претворите во своја предност

Еспресо

Роберт де Ниро на протестот против Трамп: „Време е да му кажеме не, мора да биде запрен“

Еспресо

Венера во Бик: Почнува најромантичниот период од пролетта

Еспресо

Аца Лукас уапсен на аеродром во Шведска, му бил забранет влез во земјата

Еспресо

Дарко Лазиќ настапи по смртта на брат му – Дел од јавноста го осуди, семејството застана во негова одбрана

apostolova
Се вчитува....