15:23 - 29 ноември, 2026

(Видео) Под отворено небо со легендарните „Рибља чорба“ во Охрид, со време купете си билети

Легендарните Рибља Чорба и  Бора Ѓорѓевиќ, свирејќи на гитара, со песна го најави концертот кој ќе се одржи во Охрид, под отворено небо, на 31-ви јули.

Бора Чорба и неговиот бенд, ги повикаа сите нивни обожаватели под отворено небо, на добра журка која знаеме дека со нив е загарантирана, но и ветија дека тоа ќе биде уште еден добар и чесен концерт. А, како може да биде поинаку кога ќе може да уживаме во Лутка са насловне стране“, „Кад сам био млад“, „Погледај дом свој анџеле“, како и многу други евергрини.

Со музика од песната „Билјана платно белеше”, а со стихови во кои ги повикува туристите во Охрид, да го проследат неговиот концерт во Античкиот теaтар, Бора го најави настанот на кој ќе се изведат голем број хитови кои бендот ги создаде во изминатите децении на сцената.

Почетокот на овој концерт кој ветува незаборавна вечер е во 21.30 часот.

Слични објави

Рада Манојловиќ: Велеа дека сум паднала од коњ на магаре зашто пеам под шатори, а од каде падна Наоми Кембел во шаторот на Јахорина?

Т.Ц.

Бившиот сопруг на Јована Јеремиќ сподели заеднички момент со ќерката Леа: „Дождливиот ден го искористивме за прошетка низ Белград со градски превоз“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ ја отвори душата пред полната Белградска арена: „Имаше лажни наслови и обиди да ме забранат, но вие ја исполнивте салата“

Е.А.

Научниците открија едноставна навика што го штити мозокот кај лицата со дијабетес тип 2, срцеви заболувања и преживеан мозочен удар

Т.Ц.

(Видео) Само на Балканот — Никола Роквиќ пееше, Наоми Кемпбел пушташе музика, а среде забава снемало струја!

К.С.

(Фото) Средба на две генерации македонски фолк-пејачки — Елена Велевска во прегратка со легендарната Блага Петреска

К.С.
Се вчитува....