22:30 - 7 ноември, 2026

„Почивај во мир“: Биба Додева тажна по загубата на блиска личност

Пејачката Биба Додева со тажен коментар се огласи по загубата на блиска личност.

Вчера по кратко боледување, во 60-та година од животот почина Наумче Новески – Џими, колумнист на „Охридњуз“. Биба Додева ги сподели своите спомени на пријателот од Охрид, со коментар под објавата на порталот.

„Ох, Џими. Секогаш насмеан, човечен, со бриток хумор ама праведен. Почивај во мир, сочувство до семејството“, напиша пејачката.

Фото: Скриншот/Фејсбук

„Новески по професија беше шумарски инженер. Долги години беше вработен во Националниот парк „Галичица“, а смртта го затекна на функцијата раководител на Одделението за одржливо користење на природните ресурси.

Речиси две децении Џими беше заштитен знак на ‘Охридњуз’ и синоним за слободна мисла. Колумнист со остро перо и препознатлив стил кој остави силен впечаток на медиумската сцена.
Да се мисли слободно е идеал, а да се пишува слободно и опсервира македонското секојдневие храброст. Неговиот стил беше специфичен, необичен, истовремено уникатен и оригинален. Може да ви допаѓа или не, но никого не остава рамнодушен.

Колумните на Џими се секогаш актуелни, па дури и тие напишани пред речиси две децении“, објави „Охридњуз“.


Од колунистот се прости и фестивалот Охрид фест, чиј соработник беше.

„Со неизмерна тага ја примивме веста за заминувањето на нашиот долгогодишен соработник, пријател и член на големото семејство на Охрид Фест – Охридски трубадури, Наумче Новески (1966–2026).

Постојат луѓе кои не стојат во првиот ред под рефлекторите, но токму благодарение на нивната пожртвуваност, посветеност и искрена љубов кон она што го создаваат, светлата на сцената блескаат уште посилно. Наумче беше токму таков човек. Со години беше тивката, но незаменлива сила зад фестивалот – човек кој несебично го вложуваше своето знаење, време, труд и срце за секое издание на ‘Охрид фест’ да биде организирано професионално, достоинствено и на највисоко ниво.

Неговата организираност, одговорност и човечност оставија неизбришлива трага во историјата на фестивалот. Не беше само соработник – беше вистински пријател, човек на кој секогаш можеше да се потпреш, личност која веруваше во идејата за ‘Охрид фест’ и која со својата енергија помогна фестивалот да прерасне во она што е денес.

Со неговото заминување не загубивме само вреден член на нашето фестивалско семејство. Загубивме искрен другар, човек со големо срце, човек чија насмевка, посветеност и присуство засекогаш ќе останат дел од нашите спомени и од секоја фестивалска приказна.

Организациониот тим, ПР тимот и целото семејство на ‘Охрид Фест – Охридски трубадури’ изразуваат најискрено сочувство до неговото семејство, роднините и сите негови блиски“, стои во објавата.


Минатата година, Биба Додева по долго време се појави во македонската јавност со специјален повод.

Поводот беше концертот во чест на Кире Костов на кој Биба настапи заедно со повеќе пејачи и ја испеа познатата песна „Штом се сака“, која во оригинал ја пее Верица Ристевска, и доби силен аплауз од публиката.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....