12:54 - 7 ноември, 2026

Почина Владо Јаневски, еден од најпознатите македонски поп-пејачи

Македонскиот пејач и музичар Владо Јаневски почина вечерва на 66-годишна возраст, по кратко боледување. Според објавените информации, тој починал на една од скопските клиники.

Јаневски беше едно од најпрепознатливите имиња на домашната музичка сцена и автор на бројни песни кои оставија траен белег во македонската поп-музика. Меѓу неговите најголеми хитови се „Ако не те сакам“, „Евергрин“, „Дома си е дома“, „И тогаш некоја будала“, „Некогаш и негде“, „Црно тиквешко“, „Ова е наше Скопје“, „Не зори зоро“ и „Еден бакнеж“.

Роден е на 27 ноември 1960 година во Скопје, а дипломирал на Филолошкиот факултет, на Катедрата за англиски јазик и книжевност. Во текот на кариерата бил дел од музичките состави „Тост сендвич“, „Бон Тон“, „Фотомодел“ и „Ластовица“, а свирел клавир, гитара и тапани.

Во 1998 година стана првиот официјален претставник на Македонија на Изборот за песна на Евровизија, каде што со песната „Не зори зоро“ настапи во Бирмингем. Настапуваше и на бројни домашни и меѓународни музички фестивали, меѓу кои Југовизија, „Славјански базар“, како и фестивали во Ирска, Турција и Египет.

Во текот на својата кариера објави шест студиски албуми и остави богато музичко творештво, по кое ќе остане запаметен како еден од највлијателните македонски поп-изведувачи.

Слични објави

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.
Се вчитува....