12:35 - 27 ноември, 2026

(Фото) „Босанската Кардашијан“ воодушеви — навива во фустан направен од знамињата на БиХ и Хрватска

Инфлуенсерката од Мостар, Маријана Јуриќ, привлече големо внимание на социјалните мрежи откако објави фотографии со кои им даде поддршка на фудбалските репрезентации на Босна и Херцеговина и Хрватска.

Таа позираше во впечатлив фустан инспириран од знамињата на двете соседни земји, а со објавата испрати јасна порака за љубовта кон фудбалот.

„Еден фустан, две нации, иста страст кон фудбалот“, напиша Јуриќ покрај фотографиите.

Фото: Инстаграм/Маријана Јуриќ

На својата приказна на Инстаграм се пофали и дека следбениците ја нарекле „прекрасната Мостарка“.

Нејзината објава за кратко време собра илјадници лајкови и бројни позитивни коментари. Следбениците ја пофалија креативноста и симболиката на модната комбинација, оставајќи пораки како „Одлично“, „Секоја чест“ и „Кралица“.

Маријана и претходно покажуваше интерес за спортските настани, но токму овој спој на модата и фудбалското навивање предизвика најголемо внимание кај публиката.

Јуриќ е инфлуенсерка и креаторка на содржини од Мостар, која на социјалните мрежи се прослави со објави поврзани со модата, лајфстајл содржини и поддршка на спортски настани. На Инстаграм ја следат десетици илјади луѓе, а редовно споделува фотографии и видеа од својот живот и различни ангажмани.

Поради својот стил и присуството на социјалните мрежи, регионалните медиуми често ја нарекуваат „мостарската Кардашијанка“, додека таа истакнува дека платформите ги користи за споделување креативни и модни идеи.

Слични објави

Николина Ковач и Саша Капор за брачните предизвици и семејната хармонија: „Никаде не е идеално…“

Е.А.

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

Меки како облак, а не се пржат во масло — рецепт за домашни крофни од рерна

К.С.

(Видео) Владо Јаневски во „Евергрин“ ја запиша својата тајна географија на Скопје

Т.Ц.

Марија Шерифовиќ нема да ја претставува Србија на Евровизија 2027: „Поради бројните професионални обврски не ја прифати поканата“

Е.А.

Дневен хороскоп за 27 ноември: Не дозволувајте промените во расположението на другите луѓе да ви пречи

apostolova
Се вчитува....