По 10 години врска, Марина Висковиќ ја раскина врската со Марко Вуковиќ кој на јавноста е познат како „опасно момче“.
Српскиот портал Курир пишува дека Марина и Марко ставиле крај на љубовта.
Пејачката и дизајнерка ретко зборуваше за својот партнер, а во една прилика истакна дека Цеца била таа која ги запознала.
Многумина очекуваа дека Марина наскоро ќе заплива во брачните води, но и повеќе од јасно е дека сега засега нема да ја видиме во венчаница.