18:27 - 1 април, 2026

ПЕСНИТЕ НА ДЕЈВИД БОУВИ ВО РАЦЕТЕ НА „ВОРНЕР МЈУЗИК“: Музиката на пејачот е во сигурни раце

Американската дискографска куќа „Ворнер мјузик груп“ ги откупи правата на целиот список песни на британскиот рок пејач Дејвид Боуви (1947 – 2016), за 250 милиони долари. Договорот ги опфаќа издавачките права за сите 26 студиски албуми на музичарот, објави „Фајненшл тајмс“.

„Среќни сме што музиката на Дејвид Боуви сега ќе биде во сигурни раце на „Ворнер чапел мјузик“ (подружница на музичкиот гигант)“, изјави адвокатот Алан Грубман, кој ги застапува интересите на наследниците на рок – пејачот.

Неодамна, и американските уметници Брус Спрингстин и Боб Дилан, исто така, ги продадоа правата за сите свои песни на големи светски издавачки куќи за 500 милиони и 300 милиони долари, соодветно. Високата цена по која музичарите ја продаваат својата работа се должи на тоа што таа продолжува да носи голем профит. Песните на музичарите активно се слушаат на стрим-сервисите, се пуштаат на радио станици и се користат во филмови и реклами.


Дејвид Боуви (роден како Дејвид Роберт Џонс) има освоено бројни музички одличја, вклучувајќи и неколку од американските „Греми“ награди. Боуви е прогласен за „Најголем уметник на 20. век“ во Обединетото Кралство, според истражување на Би-Би-Си. Во 2004 година, списанието „Ролинг стоун“ го рангираше на 39. место на „100-те најголеми рок-уметници на сите времиња“ и на 23. место на „100-те најдобри вокалисти на сите времиња“.


Последниот албум на пејачот беше објавен на 8 јануари 2016 година – роденденот на уметникот. Тој почина два дена подоцна.

ИМАН ПРОГОВОРИ ЗА ДЕЈВИД БОУВИ: Го чувствувам неговото присуство, тој не е мој покоен сопруг!

Слични објави

(Видео) Дамјан Стојаноски објави снимка од детството – на две години настапил со татко му Војо во Универзална сала

Еспресо

Огњен Амиџиќ за состојбата на Зорица Брунцлик: „Сакам да помине што побезболно!“

Еспресо

(Фото) Бони Блу призна дека ја лажирала бременоста – Ѕвездата на Онлифанс не престанува да шокира!

Еспресо

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

(Фото+видео) Дарко Лазиќ отиде на Света Гора по смртта на братот, па доби поддршка од најблиските

Еспресо

(Фото) Крајно непријатно – Азис не може да спие на стомак поради новите гради

E.A.
Се вчитува....