Христијан Настески – Пајак повторно ја отвори душата, овојпат зборувајќи за семејството, родителите и животните вредности што ги научил уште како дете. Во поткастот на Стефан Лазаров, музичарот откри дека уште од 14-годишна возраст почнал да работи, а денес најголема среќа му е што може да им возврати на своите родители за сè што направиле за него и неговиот брат.
Неодамна Пајак откри дека како дете никогаш не бил на море во Грција бидејќи семејството живеело скромно. Токму тоа беше една од темите за кои зборуваше во подкастот, истакнувајќи дека секое дете треба да ги цени и почитува своите родители.
„Не, види, јас не сум ги однел лично, ама тоа мислам дека е најубавото чувство и мислам дека сите деца треба да го прават тоа, зашто родителите ви се најбитната работа во животот. А тоа ќе го сфатите кога ќе пораснете. Сега мислите дека ви тресат глупости, а за сè се во право и реално, родител никогаш не може да ти мисли лошо. Колку и да мислиш дека ти мисли лошо, никогаш не ти мисли лошо. И ќе сфатиш еден ден, ама тоа може да е доцна, не дај Боже. Да си ги почитувате, да им се јавувате“, вели Пајак.
Во продолжение откри дека многу рано созреал, бидејќи почнал да работи уште како тинејџер, а денес постојано им помага на своите родители. Со гордост зборуваше и за својот брат, кој живее во Швајцарија.
„Јас сум пораснал малку порано од другите деца, сум почнал да работам од 14 години, сум гледал секакви луѓе. Јас им помагам нон-стоп, брат. Види, јас мислам дека ти е се најсреќните родители, зашто израснале две прекрасни деца. Јас имам брат, тој живее во Швајцарија, женет е и јас имам внука, Меланија се вика, душиче е прекрасно“, рече музичарот.
Пајак откри и дека неодамна ги однел своите родители на концертот на Јован и Елвир, каде што тие имале можност лично да се запознаат со двајцата музичари.
„Родителите сега беа на концертот на Јован и Елвир, Елвир ме замоли да ги донесам специјално. Беа презадоволни, се запознаа и со Елвир и со Јован и мислам дека си поминаа многу убаво“, додаде Пајак.
