Најстарата ќерка на норвешкиот крал Харолд В, принцезата Марта Луис објави дека повеќе нема да ја користи титулата принцеза во комеријални цели.
Принцезата неодамна се заљуби во шаманот Дурек, Американец со кој ја започна турнејата „Принцеза и шаман“, а тој потег наиде на силно негодување во Норвешка. Марта Луис затоа објави дека титулата принцеза ќе ја користи само приватно и во прилики кога ќе го претставува кралското семејство.
Врската со бисексуалниот шаман Дурек принцезата службено ја потврди во мај оваа година, кога призна дека тој и го променил животот. Таа веднаш им одговри и на потенцијалните критичари, на кои им порача дека не е нивна работа да избираат наместо неа или пак да ја осудуваат. И шаманот на Инстаграм се пофали со фотографија со пинцезата, а во својата објава ја нарече „божица која ми дозволува да бидам она што сум без осудување“.
Новата врска принцезата ја започна по разводот со првиот сопруг, писателот Ари Бехна, со кој има три ќерки.