14:30 - 29 ноември, 2026

Никола Роквиќ за брачната криза: „Се мачевме, имавме кавги, но судбината ни донесе нов почеток“

Познатиот пејач Никола Роквиќ еднаш ја шокираше јавноста кога проговори за предизвиците во својот брак со манекенката Бојана Баровиќ. Иако важат за еден од најскладните парови, тој откри дека во еден период нивниот однос бил сериозно разнишан.

Главниот проблем бил животот на далечина – Никола живеел во Србија, додека Бојана била во Америка, што довело до тешкотии и чести несогласувања.

„Пет години живеевме разделени – мојата кариера тука трпеше, нејзината таму, па доаѓаше и до кавги. Во еден момент дури помисливме на разделба. Тој период беше тежок за нас, но токму тогаш повторно почувствував нешто убаво и силно“, раскажа Роквиќ.

Тој откри дека духовноста одиграла важна улога во надминувањето на кризата. Верувајќи дека решението е во Божјата волја, се молел во црква и чувствувал дека треба да продолжи по патот на верата.

Најголемата промена во животот ја доживеал кога дознал дека ќе стане татко.

„Си реков: ‘Боже, посакувам Бојана да е бремена, да бидеме сите заедно и повеќе никогаш да не се разделуваме’. Дури си кажав дека ако е така, тоа ќе ми биде доказ дека Бог постои. Кога се врати од Америка, ми подаде подарок, а потоа и тест за бременост. Бев во шок! Тогаш знаев – Бог ги исполни моите најголеми желби“, искрено сподели пејачот.

Денес, Никола и Бојана се родители на три деца и живеат како семејство без пречки на патот.

Слични објави

Бившиот сопруг на Јована Јеремиќ сподели заеднички момент со ќерката Леа: „Дождливиот ден го искористивме за прошетка низ Белград со градски превоз“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ ја отвори душата пред полната Белградска арена: „Имаше лажни наслови и обиди да ме забранат, но вие ја исполнивте салата“

Е.А.

Научниците открија едноставна навика што го штити мозокот кај лицата со дијабетес тип 2, срцеви заболувања и преживеан мозочен удар

Т.Ц.

(Видео) Само на Балканот — Никола Роквиќ пееше, Наоми Кемпбел пушташе музика, а среде забава снемало струја!

К.С.

(Фото) Средба на две генерации македонски фолк-пејачки — Елена Велевска во прегратка со легендарната Блага Петреска

К.С.

Кремасто и вкусно, готово за 15 минути — рецепт за пире од карфиол кое е одлична замена за пирето од компири

К.С.
Се вчитува....