14:40 - 7 ноември, 2026

Никој не ја препозна Ријана: Го покри цело лице, но тетоважите ја издадоа!

Profimedia

Пејачката која е „тешка“ 600 милиони долари прошета по улиците на Лос Анџелес со капа од локалната противпожарна служба.

Американската пејачка, по потекло од Барбадос, Ријана (32) беше фотографирана додека излегуваше од ресторанот „Giorgio Baldi“ во Санта Моника, а по тој повод беше скоро непрепознатлива.

Имено, пејачката носеше капа од противпожарната служба во Лос Анџелес со која сакаше да го сокрие нејзините убави очи, додека остатокот од лицето го покри со заштитна маска, со цел да се заштити од коронавирусот.

Profimedia
Profimedia

Иако на почетокот никој не ја препознал, но подоцна го привлекло вниманието на папараците кои тргнаа по нејзините стапки. Ријана беше облечена во раскопчана маица и црвено палто, а по тој повод се гледаше нејзиниот стомак и длабокото деколте.

Ријана носеше светлосини фармерки и бели сандали, а фоторепортерите ја препознаа по препознатливите тетоважи што ги има меѓу градите и стапалата.

Пејачката видливо ослабе, па нејзината фигура сега изгледа фантастично како порано, а се чини дека „изгуби“ минимум 15 килограми, кои ги доби во последните две години.

Instagram
Instagram

Фановите ширум светот се воодушевени од тоа како изгледа пејачката сега и со нетрпение го чекаат нејзиниот нов музички албум. Да потсетиме, Ријана неодамна организираше модна ревија на интернет „Savage X Fenty Show“ која се емитуваше на платформата на Амазон „Prime Video“, а благодарение на продажбата на шминка и долна облека под нејзино име, таа во моментов е „тешка“ 600 милиони долари и е на списокот на најбогатите жени во светот.

Слични објави

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.
Се вчитува....