18:21 - 2 април, 2026

НЕВЕРОЈАТЕН СКАНДАЛ: Популарниот хит на Кејти Пери е плагијат!?

Веста дека еден од најголемите хитови на Кејти Пери беше вистински шок, а сега е откриено и колку ќе треба таа да плати на оригиналните автори.

Деветчлената порота на сојузниот суд во Лос Анџелес пресуди во корист на Маркус Греј и неговите коавтори, дека песната „Dark Horse“ на Кејти Пери е плагијат на „Joyful Noise“ која Греј ја објавил под уметничкиот псевдоним Флејм.

Во 2013 и 2014 година „Dark Horse“ беше на врвот на речиси сите музички топ-листи, заработувајќи над 31 милиони долари, како и номинации за Греми.

Кејти Пери и нејзините соработници и понатаму тврдат дека досега не чуле ниту за песната ниту за Маркус Греј. Тие велат дека основата на песната се неколку ноти, кои се елемент од речиси секој популарен хит.

Како доказ, тимот на Пери ја преслушал песната, а истата е достапна и на Јутјуб, Ајтјунс и Спотифај, а албумот на кој се наоѓа бил номиниран за Греми во 2009 година.

Пејачката лично ќе треба да плати половина милион долари како отштета, а останатите неколку милиони ќе треба да ги покрие продукцијата која стои зад „Dark Horse“.

А, ова е спорната песна:

Слични објави

Ја имаме вистинската адреса за вашиот совршен матурски изглед – во „Прагма“ убавината добива значење

Еспресо

(Фото) Јелена Розга „не ги соблекува“ штиклите од 750 евра: Ги има во повеќе бои и редовно ги носи на настапи

Еспресо

Почина дерматологот Тамара, ќерка на фотографот Јадран Лазиќ

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ се пофали со скап подарок – Тигар дал 1.200 евра за прстен

Еспресо

Мистерија што сè уште интригира: Пејачката Јелена Марјановиќ беше убиена пред 10 години, убиецот сè уште непознат 

Еспресо

(Видео) Јаков Јозиновиќ ѝ одговори на Карлеуша: „Публиката го даде одговорот“

Еспресо
Се вчитува....