0.8 C
Скопје
12:02 - 18 јануари, 2025

Неодоливата Скарлет Јохансон: Што сѐ може да направи Црната вдовица? (ФОТО)

Славната актерка Скарлет Јохансон веќе подолг временски период соработува со тренерот Ерик Џонсон, кој вели дека фитнесот за неа сега станал како „миење заби, бидејќи тоа е дел од нејзината секојдневна рутина“.

Ѕвездата на Марвел го сподели својот режим на вежбање и исхрана за „Endgame“, кој ѝ го одредил тренерот Џонсон.

-Сега сум посилна и поспособна отколку пред 10 години – изјавила актерката.

Скарлет вели дека оваа тренинг рутина е еден од најдобрите делови од работата за Марвел, односно, открива дека пред да ја глуми Црната вдовица, 34-годишната актерка никогаш претходно не влегла во сала за вежбање.

Image result for scarlett johansson body profimedia

Што сѐ може да направи Црната вдовица?

-Може да крене до 500 килограми – вели Џонсон. Нејзините тренинзи се одвиваат во фитнес клуб во Атланта, каде што се одвива и најголемиот дел од снимањето на филмовите за Марвел.

Интересно е тоа што Скарлет немала за цел да загуби килограми, туку едноставно сакала да си ги подобри своите перформанси и кондицијата.

Актерката вежба од 45 минути до еден час, четири до пет пати во неделата. Нејзините тренинзи започнуваат во 6.00 часот наутро, пред да се разбуди нејзината ќеркичка Роуз. Сесиите се забавни, но и интензивни, а вклучуваат најразлични активности.

Related image

Тренингот вклучува и олимписко кревање тегови и гимнастика, па актерката редовно оди и на јога, пилатес и борбени тренинзи. Јохансон и Џонсон работат во фази од три до шест седмици, при што првата фаза се фокусира на наоѓање брза врска помеѓу мозокот и мускулите. Втората фаза се однесува на силата, а третата вклучува кардио тренинг.

-Скарлет го мрази традиционалниот кардио тренинг. Наместо тоа, таа прави спринтови и прескокнува јаже – открива нејзиниот тренер.

На ѕвездата не ѝ е важно само да заврши со тренингот, туку сака да се потруди секој потег да го прави со леснотија, за комплетно да го подготви своето тело за сцените кои мора да ги снима.

Исхрана

Диетата секако е голем дел од нејзиниот живот. Јохансон својот успех го пронашла во повременото постење. Оваа исхрана вклучува ограничено јадење, кое ѝ помогнало да ја стабилизира енергијата.
Нејзиниот последен оброк во текот на денот е во 21.00 часот навечер, открива Џонсон, а потоа следното јадење ѝ е по 9.00 часот наутро. Нејзиниот тренер открива и дека актерката неколку дена пред снимање ги исфрлува јаглехидратите од исхраната.

Profimedia

Ерик додал и дека натпреварувачката природа на Јохансон е една од најдобрите мотивации.

-Ако ѝ покажам некој нов потег што јас би можел многу лесно да го направам, таа веднаш се обидува да го стори истото – објаснува тренерот на Скарлет Јохансон.

Слични објави

(Видео) За 12 дена одмор „искешира“ 20.000 евра! Милица Павловиќ сама замина на егзотична дестинација

Еспресо

Сандра инсистира: Поранешната сопруга на Милан Калиниќ го поканила на ручек, а дали тој прифатил?

Еспресо

(Фото) Совршено утро во кревет на Тајланд, снаата на Брена откри дека Виктор ја третира како кралица: „Љубовта на мојот живот“

Еспресо

(Фото) Сите на куп: Драгана Мирковиќ со децата и снаата ужива во луксузот на Дубаи

Еспресо

(Видео) Секогаш насмеана и згодна: Лила Филиповска се присети како изгледала низ времето

Еспресо

Јелена Карлеуша призна, повеќе не ги крие чувствата кон кошаркарот: „Многу ми се допаѓа…“

Еспресо
Се вчитува....