03:21 - 9 ноември, 2026

Наташа Беквалац  повторно ја насмеа јавноста – „Да одлучуваше мајка ми, ќе пеев во црковн хор“ 

Популарната поп-ѕвезда Наташа Беквалац повторно ја насмеа јавноста, но и ја замисли со својата искрена изјава за односот со нејзината мајка Мира. Познато е дека мајката на пејачката стана вистински хит на социјалните мрежи поради нејзините остри и искрени критики на сметка на своите ќерки, а Наташа сега откри како би изгледал нејзиниот живот доколку ги слушала сите совети од дома.

Закопчана до грло и во хор

Гостувајќи во емисијата „Фокус“, Наташа низ смеа опиша како нејзината мајка гледа на нејзината кариера и провокативниот имиџ.
„Таа е како некоја жена од бајките… Да се прашуваше таа, јас ќе пеев во црковен хор и таму ќе ми го закопчуваше и последното копче на кошулата“, изјави пејачката, додавајќи дека нејзината мајка сè уште знае да се згрози од некои нејзини постапки.

Живот по сопствени правила

И покрај притисокот и традиционалните ставови на нејзината мајка, Наташа истакна дека уште многу млада одлучила дека ќе го носи својот товар сама и дека нема да дозволи околината да ѝ диктира како да живее.

„Многу рано, на прилично драматичен начин, покажав дека не сум таква. Покажав дека сигурно многу ќе грешам и ќе носам голем товар на грбот, но дека нема да живеам онака како што му се допаѓа на соседот, бидејќи едноставно сакам да си го живеам мојот живот“, искрено заклучи „новосадската барбика“.

 

За поранешните мажи и заканите со „откажување“

Наташа, која зад себе има три брака, на шега откри и што би се случило доколку реши да му се врати на некој од поранешните сопрузи.

 „Мајка ми би ми рекла: ‘Не, не, Наташа, ова навистина повеќе нема смисла. Ќе се откажам од тебе преку весник. Ова е крај, доста е!’“, пренесе пејачката низ смеа.

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....