5.8 C
Скопје
03:24 - 1 април, 2026

Која е најпопуларна песна за првиот свадбен танц? Еве го одговорот!

Порталот „OnBuy“ спроведе истражување за да открие дали има врска помеѓу стапката на разводи и песните што младенците ги избрале за нивниот прв танц.

Тие анкетирале 5544 луѓе ширум светот која песна ја избрале и кој е нивниот моментален брачен статус. Потоа направиле список со 25-те најчесто избрани песни споредбено со брачниот статус, пренесува, „Honey Nine“.

Добиените податоци покажаа дека најпопуларна песна за првиот танц е „Can’t Help Falling In Love“ од Елвис Присли со 10,48 проценти од гласовите.

Сепак, од друга страна, се покажа дека песната што најчесто носи среќа во бракот е „Can You Feel The Love Tonight“ од Елтон Џон – 77 проценти од оние што ја избрале останале во брак.

Всушност, се покажа дека парот е поверојатно да остане во брак ако го играат првиот танц со хит од филмовите на „Дизни“, а повеќе од 70 проценти од анкетираните парови се во хармоничен брак.

Песните што им донеле среќа во бракот на младенците се исто така „ Isn’t She Lovely“ на Стиви Вондер и „The Way You Look Tonight“ на Френк Синатра.

Од друга страна, песната што заврши со најмногу разводи е „One Things“ на групата One Direction – дури 75 проценти од паровите кои ја одбрале таа песна се разведени. Па, доколку се одлучивте за оваа песна за вашиот прв танц, можеби не е лошо да размислите малку повеќе.

На непопуларната листа на песни по One Direction следуваат „ I’m Yours“ од Jason Mraz и „Chasing Cars”  од групата Snow Patrol.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....