09:41 - 8 ноември, 2026

Најголемата поп ѕвезда во регионот, Здравко Чолиќ, денеска полни 74 години

Еден од најпознатите регионални пејач, Здравко Чолиќ, денеска го слави 74-тиот роденден. Низ богатата кариера што трае повеќе од четири децении, Здравко остави неизбришлив белег на музичката сцена. Неговите најголеми хитови како „Ти си ми у крви“, „Станица Подлугови“, „Загрли ме“, „Пусти, пусти моду“, „Звао сам је Емили“, „Ти можеш све, ал’ једно не“, „Април у Београду“, „Једна зима са Кристином“, „Она спава“ и уште бројни, и денес се класици што никогаш не престануваат да ги освојуваат новите генерации слушатели.

Здравко Чолиќ е роден на 30 мај 1951 година во Сараево. Потекнува од скромно семејство. Неговата мајка, Стана, била домаќинка, а неговиот татко, Владимир, бил полициски офицер во Министерството за внатрешни работи. Чола има и брат, Драган, кој е четири години помлад од него.

Летата ги поминувал во Требиње со своите баба и дедо, па враќањето во Сараево и одењето на училиште му биле тешки. Тој бил одличен ученик и омилен кај наставниците.

Чола бил многу талентиран за фудбал, се занимавал и со глума, а неговата конечна одлука била да се посвети на кариерата во музиката.

Чолиќ победил на фестивалот во Опатија со песната „Гори ватра“ и ја претставувал поранешна Југославија на Евровизија во Луксембург во 1973 година. Потоа Чола потпишал договор со компанијата „Ворнер брадерс“ и снимил четири сингла, два на германски и два на англиски јазик, но неговата кариера во странство завршила тука, бидејќи не сакал да се пресели во Германија.

Во текот на својата кариера, Чолиќ често бил мета на разни озборувања и шпекулации, но пејачот бил и останал џентлмен.

Иако го следеле бројни гласини, Здравко Чолиќ остана икона на музичката сцена со повеќе од четири децении кариера, над 20 милиони продадени албуми и безброј хитови кои и денес се слушаат низ целиот регион.

Иако призна дека долго време се спротивставувал на бракот и дека својата прва девојка ја имал дури кон крајот на триесеттите години, Чолиќ денес е во среќен брак со сопругата Александра, со која има две ќерки, Уна и Лара Чолиќ.

 

 

Слични објави

Дневен хороскоп за 8 ноември: Кој ќе ужива во љубовта, а кој ќе мора да се соочи со непријатни изненадувања?

Т.Ц.

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova
Се вчитува....