13:48 - 27 ноември, 2026

Најдобрата поранешна сопруга: Џенифер Гарнер му ја спасува кариерата на Бен Афлек!

Џенифер Гарнер би можела да ја добие титулата за најдобра поранешна сопруга на светот, а тоа е и повеќе од заслужено, во однос на тоа дека Гарнер прави сè што може за да му ја спаси кариерата на Бен Афлек.

Гарнер разговараше со режисерот на филмот „The Way back“, О’ Конор, за да биде сигурна дека Афлек нема да ја загуби улогата поради рехабилитацијата, бидејќи и самата знае колку тој ја сака оваа улога.

– Штотуку започнавме со подготовките за филмот, а тој почна повторно да пие – рече О’ Конор и објасни дека тогаш Афлек повторно завршил на одвикнување и не знаел што се случило со филмот.

– Студиото сметаше дека проектот е завршен, а потоа нè повика Џенифер, неговата поранешна сопруга и рече дека Афлек на лекувањето со себе си земал топка – објасни тој и рече дека Гарнер го замолилa да не се откажат од филмот, бидејќи Афлек навистина сака да биде дел од тоа.

Џенифер, при посетата на Афлек, му објаснила на актерот дека мора да стане посериозен, за потоа и самиот тој да го стори токму тоа.

Меѓутоа до кога таа ќе го поддржува и ќе ја спасува неговата кариера, останува големо прашање, пренесува Метро.

Слични објави

Николина Ковач и Саша Капор за брачните предизвици и семејната хармонија: „Никаде не е идеално…“

Е.А.

(Видео) Владо Јаневски во „Евергрин“ ја запиша својата тајна географија на Скопје

Т.Ц.

Марија Шерифовиќ нема да ја претставува Србија на Евровизија 2027: „Поради бројните професионални обврски не ја прифати поканата“

Е.А.

(Фото) Драгана Мирковиќ ретко ја гледаме во костим за капење: Еве како изгледа кога ќе се соблече

Еспресо

Аница Лазиќ со објава ги подгреа шпекулациите за принова со Ристовски: „Дали сте подготвени да станете родители?“

Еспресо

Сопругата на Драган Лазиќ првпат се огласи по неговата трагична смрт: Со емотивна порака покажа колку ѝ недостига

Еспресо
Се вчитува....