15.8 C
Скопје
20:38 - 1 октомври, 2026

На Северина ѝ падна микрофонот: Се справи со ситуацијата како вистински шампион

северина 6

Додека настапуваше во клуб,  Северина доживеа несреќа.

Таа беше облечена во тесен зелен комбинезон со зебрест принт и широки панталони, а комбинацијата ја дополни со црни високи потпетици.

View this post on Instagram

A post shared by Severina (@severina)

Додека пееше и танцуваше на песната „Италијана“ Северина доживеа несреќа. Во видеото што пејачката го сподели на Инстаграм, микрофонот за малку ќе ѝ паднеше од рака.

View this post on Instagram

A post shared by Severina (@severina)

Таа брзо успеа да го фати кабелот од микрофонот за да не падне на подот, а со следниот потег ја изненади публиката. Како умешен забавувач таа не дозволи да ја видат како „се поти“, туку кабелот за микрофон ѝ послужи како јаже што таа го прескокна, предизвикувајќи овации од публиката.

Снимката од концертот што ја сподели предизвика воодушевување кај нејзините следбеници. „Пее, танцува, таа е кралица на Балканот“, „Како скокаш во тие штикли, секој ден“, „Царица“, „Ти си единствена“,„ Кралицата во високи потпетици танцува како боса “, се само дел од коментарите.

Слични објави

(Фото) Како холивудска дива од 20-тите — Калтрина Круезиу во раскошно бело издание на гала во Скопје

К.С.

(Фото) Јаков Јозиновиќ го прослави 21. роденден: доби емотивно изненадување

apostolova

(Фото) Адријана Алачки остана без фризер пред снимање, па Анета Љумаковска ја спаси ситуацијата: „Ете што е вистински колега“

К.С.

Тереза Кесовија одложи два концерти поради здравствени проблеми: „Ќе дадам сè од себе да закрепнам“

Еспресо

Искористете ги посебните попусти во Wood Room и подновете се со уникатна клуб-маса со епоксидна смола

Еспресо

(Видео) Александра Пријовиќ оживеа фолк-хит од 2005 година, „Тикток“ полуде по песната

Еспресо
Се вчитува....