23:54 - 6 ноември, 2026

НА ОСКАРИТЕ САМО СО ДОКАЗИ ЗА ВАКЦИНАЦИЈА ИЛИ ДВА НЕГАТИВНИ ПЦР – ТЕСТОВИ: Маските се задолжителни!

Американската Академија за филмски уметности и науки ќе бара од учесниците на 94-тото доделување на Оскарите да покажат докази за вакцинација против коронавирусот и најмалку два негативни ПЦР-тестови, објави „Њујорк тајмс“.

Изведувачите и водителките ќе мора да поминат строги тестирања, но нема да мора да покажат доказ за вакцинација, наведува портпаролката на Академијата.

Фото: Unsplash

Доделувањето на престижните награди ќе се одржи на 27 март, а номинираните и нивната придружба ќе бидат сместени во делот за оркестар и партерот на театарот „Долби“, па нема да мора да носат маски.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by | MovieBlog | (@movieoficial)


Оние кои ќе седнат на мезанинот најверојатно ќе мора да носат маски, бидејќи ќе бидат сместени многу блиску еден до друг.


Во „Долби“ ќе бидат поканети 2,500 луѓе. Актерките Ејми Шумер, Реџина Хол и Ванда Сајкс ќе бидат водители на овогодинешното доделување на Оскарите, што ќе биде првпат три жени да ја водат оваа престижна манифестација.

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....