17:30 - 13 април, 2026

На Џони Деп му беше дозволено да продолжи со тужбата за клевета против Амбер Херд

Актерот (58) ја тужи својата поранешна сопруга поради објавување на „Вашингтон пост“ во 2018 година, каде што Херд, 35, пишувала за преживеано семејно насилство. (Херд никогаш не го именуваше Деп во објавениот текст, но таа го обвини актерот за семејно насилство среде нивната разделба во 2016 година, кое тој го негираше.)

Во судските документи добиени од „Пипл“, судија од Вирџинија му даде право на актерот да продолжи со неговата тужба, одбивајќи ја дополнителната молба на Херд да го отфрли случајот откако Деп ја загуби тужбата за клевета во Велика Британија против британскиот таблоид „Сан“.

Во ноември 2020 година, Деп го загуби својот случај против британскиот таблоид кој го нарече „жено-тепач“. Судот ги потврди тврдењата на весникот како „суштински вистинити“.

Апелот на Херд за отфрлање на тужбата на Деп, поднесена во Вирџинија во март 2019 година, дојде откако актерката тврди дека пресудата на Обединетото Кралство треба да влијае врз постапките во САД, бидејќи двете тужби се фокусираат на обвинувањата за актерот како насилник.

Слични објави

(Фото) Драгана Мирковиќ во машина од 85.000 евра ужива на висока нога во срцето на пустината во Невада

Т.Ц.

Отако ја претепал партнерот, Ава Карабатиќ откри дека е бремена

Еспресо

Тридневна детокс диета за прочистување на црниот дроб, желудникот и целиот организам

Т.Ц.

Миљана Кулиќ скршена на Велигден: „Одам да ја погребам“

Еспресо

Неделен хороскоп: Големи одлуки, нови шанси и неочекувани средби

Т.Ц.

„Никој не ја жали, мисли дека е најпаметна“: Блејк Лајвли важи за „тешка соработничка“

Т.Ц.
Се вчитува....