8.8 C
Скопје
20:17 - 19 февруари, 2026

МРАЧНАТА СТРАНА на секој хороскопски знак

Секоја личност има и позитивна и негативна страна, а прашање е која ќе издоминира над целокупниот карактер и впечатокот кој секој го остава.

Комбинацијата на позитивни и негативни карактеристики нè прави уникатни, но најчесто се обрнува внимание само на дел од нашиот карактер.

Ако умеете да ја препознаете својата мрачна страна, тогаш сте на добар пат да успеете да ги избалансирате своите особини и да ги избегнете негативните исходи.

Генерално, на оваа тема, хороскопот вели вака:

ОВЕН

Познати сте по своите избрзани, детинести и незрели одлуки. Но, можеби токму оваа карактеристика ве издвојува од толпата.

БИК

Тврдоглавоста, посесивноста и воодушевувањето од материјалните добра некогаш доминираат со вашата личност.

БЛИЗНАЦИ

Индивидуалисти кои ако не се во центарот на вниманието, можат да бидат незаинтересирани и нефокусирани на проблемот.

РАК

Емотивни сте и некогаш тоа оди во лоша крајност и наместо емпатија, кај останатите предизвикува желба да избегаат.

ЛАВ

Шармантни сте, сакате внимание и лесно го добивате, но внимавајте да не останете префокусирани на себе и своето его.

ДЕВИЦА

Точно знаете што сакате и целите кон тоа, но вашата борба некогаш е толку брутална, што може да ги нервира другите.

ВАГА

Планирате, размислувате и анализирате и некогаш ви треба цела вечност за да донесете дури и наједноставна одлука.

СКОРПИЈА

Страствени сте, но не сакате да вложувате преголеми напори за да го добиете она што го сакате, бидејќи сте убедени дека и онака ви следува.

СТРЕЛЕЦ

Многу сте директни и несуптилни во искажувањето на своите мислења, без да размислите дали некого повредувате.

ЈАРЕЦ

Сакате да имате преголема контрола врз она што се случува околу вас, а бидејќи тоа е невозможно, лесно губите нерви.

ВОДОЛИЈА

Логични сте и трошите многу време во анализирање на ситуацијата, а не секогаш тоа води кон добар исход.

РИБИ

Сонувате, фантазирате и сакате авантури, тоа не е лошо, но трикот е во тоа да успеете да останете и приземјени, што не секогаш ви оди.

Слични објави

(Фото) Српскиот тенисер ужива со фаталната актерка на планина: Сите зборуваат колку е убава

Еспресо

Пејачката на 43 години отвори конкурс за брак – може и мажи и жени: „Јас ќе одлучам!“

Еспресо

Ана Николиќ се пресели во хотел, еве што се случува во нејзиниот стан од 500.000 евра

Еспресо

(Фото) Боса и со гол стомак: Катарина Живковиќ ужива во зајдисонцето среде пустина

Еспресо

Годишнина од смртта на Ѓорѓе Балашевиќ – Сопругата Оливера: „Засекогаш остави прозор преку кој комуницираме“

Еспресо

Цеца отворено за ромските веселби и бакшишот: „Би навредила некого ако одбијам!“

Еспресо
Се вчитува....