04:33 - 9 ноември, 2026

Младата актерка Мариса Абела доби сериозна задача – ќе го раскаже животот на извонредната Ејми Вајнхаус на филмското платно

Продукцијата на биографски филм за Ејми Вајнхаус, „Back to Black“ кој почна да се снима денеска во Лондон ја објави првата фотографија од актерката Мариса Абела во главната улога. Филмот ќе го режира Сем Тејлор-Џонсон.

Филмот ќе го следи животот на Вајнхаус од нејзините динамични рани години во Лондон до интензивното патување до славата. Минатиот јули беше објавено дека покојната пејачка ќе ја глуми 26-годишната англиска актерка Мариса Абела, која зад себе нема голема колекција улоги, но ќе се појави и во „Барби“ со Марго Роби.

„Целосно сум свесна за одговорноста што ја носи снимањето на филмот. Ќе настојувам да создадам филм што сите ќе го сакаме засекогаш. Исто како и Ејми. Кога првпат ја слушав во живо на едно шоу за таленти, веднаш сфатив дека таа не е само талент, таа беше гениј“, изјави Тејлор-Џонсон, позната по хитот „Педесет нијанси сиво“.

Филмот „Back to Black“ треба да биде пред публиката во 2024.

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....