14:51 - 7 ноември, 2026

Мима Караџиќ има 71 година, а повторно љуби помлада девојка: „Вечниот ерген“ не се откажува од титулата

Мима Караџиќ со години важи за еден од најпосакуваните актери во регионот, а неговиот љубовен живот повторно е тема во медиумите.

Познатиот актер во април наполни 71 година, но многумина коментираат дека изгледа значително помладо и дека токму неговиот дух, шарм и енергија се причината што и понатаму освојува многу помлади жени.

Според српските медиуми, Караџиќ неодамна ставил крај на речиси тригодишната врска со актерката Наташа Станишиќ, која е 35 години помлада од него.

Наводно, до раскинувањето дошло кога таа посакала нивната врска да премине на „повисоко ниво“ и разговарала за брак, нешто на што актерот категорично се спротивставил.

„Тој веднаш ѝ рекол дека не сака да зборува за брак и дека не е за врзување и обврски, особено на тие години“, тврди извор близок до актерот.

Иако раскинувањето ја разочарало Наташа, актерот наводно брзо продолжил понатаму.

Според истите извори, по само неколку недели Мима започнал нова романса со помлада бринета, која, како што велат, веднаш го освоила.

„На почетокот таа не му обрнувала многу внимание, но тој не се откажал. Ѝ приредувал изненадувања и на крајот таа паднала на неговиот шарм“, раскажува изворот.

Првпат биле забележани заедно на концертот на Ненад Кнежевиќ Кнез во белградскиот Сава центар, каде седеле еден до друг, но избегнувале внимание од фотографите.

Иако актерот никогаш не криел дека ужива во женско друштво, по сè изгледа дека и понатаму не планира да се откаже од имиџот на „вечен ерген“.

Слични објави

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.
Се вчитува....