23:16 - 7 ноември, 2026

(Фото) „Засекогаш нека биде вака“: Лила со нови детали од патувањето во Америка

Лила Филиповска објави уште една интересна приказна од Америка, каде што неодамна беше на гости кај својот пријател, водителот Дамјан Дренковски и неговата сопруга Александра.

Лила овојпат му го честиташе роденденот со нивна заедничка фотографија од прошетките низ Њујорк, а потоа сподели и заедничка слика со Дамјан и со неговата сопруга, придружена со песната на Дино Мерлин „Заувјек овако“.

Дренковски, кој сега со сопругата Александра живее во Њујорк, вели дека можноста да се биде во иста просторија со оскаровката Вупи Голдберг, која е една од петте водителки на шоуто на „Еј-би-си“, е од огромно значење за него. Тој успеа да направи интервју со Џенифер Лопез, кое беше емитувано пред Божиќ на американската радиодифузна компанија „Еј-би-си“.

Лила во текот на патувањето во Америка сподели и нов момент од своето патување – средба со холивудскиот актер Ејдриен Броди.

Филиповска објави дека присуствувала на театарска претстава на Бродвеј, во која Броди настапува во „Стравот од 13“ (The Fear of 13), остварување што го опиша како исклучително емотивно и интензивно. По завршувањето на претставата, таа имала можност и лично да се запознае со актерот и накратко да поразговара со него.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....