17:16 - 7 ноември, 2026

(Фото) Вака изгледал Брејк во младоста, син му Марко ја откри приказната

Македонскиот музичар и бизнисмен Дарко Гелев-Брејк неодамна го прослави својот роденден, а меѓу бројните честитки најголемо внимание привлече онаа од неговиот син Марко Гелев.

Марко на својот инстаграм-профил сподели архивска фотографија од својот татко, на која Брејк изгледа речиси непрепознатливо, но со истиот силен карактер. На фотографијата, младиот Брејк позира на мотор, со специфична фризура од тоа време и во црна кожна јакна – вистински приказ на рокенрол-естетиката што ја негуваше низ годините.

Честитката беше придружена со еден од најголемите гранџ-хитови, „Even Flow“ од „Перл џем“, што совршено се вклопува во бунтовниот имиџ на музичарот од тој период.

Брејк ја сподели објавата и на својот профил, а неговиот најстар син Марко очигледно ја негува истата почит кон музичкото наследство и стилот што го одбележаа неговиот татко на почетокот од кариерата.

Брејк и денес важи за една од најмаркантните фигури на македонската јавна сцена.

Слични објави

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо
Се вчитува....