7.6 C
Скопје
11:32 - 19 февруари, 2026

Мила Јовович го прослави 45-от роденден – Актерката се огласи од Холивуд, откривајќи за што е најмногу благодарна!

Светски познатата актерката и манекенка Мила Јовович, која се истакна со улогата во познатиот филм „Петтиот елемент“, го прослави својот 45-ти роденден, а по тој повод се огласи на својот Инстаграм профил.

„Денес е мојот роденден! И тоа е пресвртна точка! Големи 25 плус 20. Но, тој последниот дел нема да го спомнуваме. Велејќи го ова , јас сум благодарна на многу работи. Не сум најголемата дупка што сум ја запознала, па токму затоа тоа е плус и го имам најдоброто семејство и пријатели што некој некогаш би можел да ги посака. Моите обожаватели беа толку добри кон мене и ми дадоа можност да имам кариера што ја имам веќе три децении, што е буквално речиси невидено во оваа индустрија и ви благодарам на сите за љубовта и поддршката што сите ја имате и ми ја дававте низ годините“, напиша Мила.

Да потсетиме, Мила Јовович пред неколку месеци на Инстаграм ги изненади своите следбеници со фотографии од нејзините предци, откривајќи дека родителите на нејзината мајка и татко биле борци во Втората светска војна, а потоа откри дека нејзиниот татко имал бурно минато.

„Татко ми мислеше дека од здравственото осигурување може да направи голем бизнис, затоа во 1994 година заврши во затвор, каде што остана цели 5 години. Многу сме блиски, посебно откако го добив првото дете. Тој живее во Лас Вегас и кога има можност доаѓа да не посети. Од мајка ми ја имам наследено љубопитноста, љубовта кон книжевноста и уметноста и дефинитивно добро да размислам, пред нешто да одлучам. Од татко ми ја имам наследено импулсивната страна, бестрашноста, подготвеноста понекогаш да влезам во ризик. Сепак јас сум потомок на една прилично ревулуционерна фамилија. Веројатно сум единствениот член од фамилијата Јовович кој не бил во затвор. Мојот дедо, а мислам и неговите браќа биле заробени на Голи оток. Приказаната за тој остров ме фасцинира! Затоа сакам со роднината Мирко, кој е режисер, да снимиме филм за Голи оток. Неодамна го разбрав правото значење на тоа име, во смисла – гол остров. Тогаш уште повеќе ме заинтересира таа тема. За Американците тоа би било интересно. Би сакала да снимам филм за дивата, насилна, драматична историја на моето семејство. Не можевме да ја избегнеме, дури и да сакавме“, изјави Мила во една прилика.

Слични објави

„Простете ми за моето грдо минато“: Аца Лукас проговори за дуетите со Цеца и направените грешки

Еспресо

Ѝ се слошило среде снимање спот! Надица Адемов доживеа незгодна ситуација, откри како се чувствува

Еспресо

(Фото) Прорези горе и долу: Сека Алексиќ провоцира во тесен фустан, облините во преден план

Еспресо

Хороскоп за 19 февруари: Овните треба да избегнуваат импулсивни одлуки, Лавовите ќе го истакнат своето лидерство

Еспресо

(Фото) Ѓина Џиновиќ доби 1.000 црвени рози: Во свилена бањарка позираше покрај огромните букети

Еспресо

Принцот од Врање стана сензација во Азија: Кинезите воодушевени од Стефан Здравковиќ

Еспресо
Се вчитува....