11.8 C
Скопје
09:15 - 24 април, 2024

Мерлин Монро била мртва со години, но тој не престанал да ја сака: Најромантичниот гест во светот на славните кој ќе ве разнежни!

Норма Џин, далку попозната под името Мерлин Монро, се венчала 3 пати. Еден од нејзините сопрузи бил Џо Димаџио, легендарниот бејзбол играч на Њујорк Јенкис.

Во почетокот Мерлин не сакала да го запознае Димаџио, мислејќи дека тој е типичен арогантен спортист, надмен и егоцентрик, но Џо успеал да ја разубеди. Парот се венчал на 14 јануари 1954 година, две години откако се запознале. Тоа бил втор брак за познатата актерка која од 1942 до 1946 година била во брак со Џејмсон Доерти, американски полицаец.

профимедиа

Парот отпатувал во Јапонија за медениот месец, но ја посетиле и Кореја. За време на патувањето Мерлин имала неколку закажани средби и настапи пред 100.000 војници кои служеле таму, што посебно го нервирало нејзиниот сопруг – сакал медениот месец да биде поинтимен и само нивни.

Иако на фотографиите Мерлин и Џо изгледале среќни и заљубени, тоа за жал било само маска и нивниот однос не бил толку прекрасен колку што мислеле сите.

За време на снимањето на сега веќе култната сцена со здолништето во филмот „The Seven Year Itch“, избил мал судир помеѓу нив.


Всушност, додека Били Вајлдер инсистирал сцената да се повтори неколку пати, што собраната публика со воодушевување го поздравила, Џо полудувал гледајќи од страна. Неколку сведоци подоцна откриле дека Монро и Џо се расправале во лобито на хотелот.

Само месец дена подоцна, во октомври, после 274 дена заеднички живот, Мерлин ги предала документите за развод поради психичко малтретирање.

Фотографија: Profimedia

После разводот, Димаџио престанал да пие, заминал на терапија и одлучил да ја прекине спортската кариера. Тогаш го пратела репутацијата не женкар, кој тој неколку пати ја негирал. Во меѓувреме, Мерлин се омажила и развела од писателот Артур Милер.

Во февруари 1961 година, нејзиниот психијатар ја пратил во психијатриската клиника „Payne Whitney Psychiatric Clinic“ каде според Доналд Спот, била сместена во одделението за најтешки случаеви.

Profimedia

Бидејќи не можела сама да се одјави, таа го повикала Димаџио кој го направил тоа наместо неа. Подоцна му се придружила во Флорида.

Нивната приказна за тоа како се само добри пријатели не ги застанала гласините за тоа дека повторно се венчале.

профимедиа

Според Мори Ален, на 1 август 1962 година, Џо верувајќи дека неговата поранешна сопруга се сплеткала со луѓе кои може да ѝ наштетат како што бил Френк Синатра, тој дал отказ од местото на тренер за повторно да ја запроси. За жал, не стигнал да ја спаси. Мерлин била пронајдена мртва во својот стан само четири дена подоцна.

Димаџио го преземал нејзиното тело и го организирал погребот.

профимедиа

Дека ја сакал и се чувствувал виновен за нејзината смрт, сведочи прекрасниот гест кој е релативно непознат. Всушност, 20 години во нејзината гробница пристигнувал букет со црвени розе по три пати неделно.

За разлика од останатите двајца мажи со кои актерката била во брак, Џо никогаш не зборувал за неа во јавноста, не пишувал за нивниот однос и не се оженил повторно.

Слични објави

Астропрогноза за среда, 24 април: Неодоливост за Лавовите, нови сојузници за Рибите

еспресо

Крајот на април ќе израдува три хороскопски знаци: Еве кои се среќниците

еспресо

(Фото) Прво огласување на Кејт Мидлтон по долго време: Еве што сакаше да порача принцезата

еспресо

(Фото) Јелена Ѓоковиќ мами воздишки во Мадрид: Ќе ве заболи глава кога ќе дознаете колку чини накитот кој го носи!

Еспресо

„Не знам како ќе заврши ова“: Марија Шерифовиќ ја откри причината зошто ја нема во „Ѕвездите на Гранд“

Еспресо

(Видео) „Дува силен ветар, ама…“: Се огласи Никола Роквиќ од патот кон Грција

Еспресо
Се вчитува....