8.8 C
Скопје
11:55 - 1 април, 2026

Меган загрижена и бесна: Принцот Хари скрушум излегува навечер и пие со Адел

Странските медиуми на големо се распишаа за зачестеното дружење на принцот Хари со пејачката Адел…

Принцот Хари (35) и Меган Маркл (35) веќе четири месеци живеат во Лос Анџелес со синот Арчи, но изгледа дека не им цветаат рози, доколку им веруваме на странските медиуми.

Имено, според пишувањето на таблоидот „New Idea“, но и други странски таблоиди, принцот Хари скришум излегува навечер од домот и оди на дружење со пејачката Адел (32) која инаку им е комшивка.

Изворот откри дека Адел и принцот Хари наводно се состануваат и пијат заедно.

profimedia

„Една вечер Меган дознала од еден член на персоналот дека Хари се искрадува од домот. Не дека Хари го криел пријателството со пејачката, туку Меган не забележала дека нешто значајно се случува“, открива извор близок до британското кралско семејство, кој додаде:

„Меган толку беше опседната со тоа нивните животи да одат во насока која таа ја замисли, и покрај целото лудило во светот кое околу нив се случува, па поради тоа не забележа дека Хари бара утеха кај други жени“.

Изворот исто така открива дека принцот и пејачката тајно се дружат барем еднаш неделно.

profimedia

 

„Адел е забавна и сака да пие, токму како и Хари пред да ја запознае Меган. Таа внесе малку свежина во неговиот живот, и го заштити од се што му се случува во Лос Анџелес, а на него воопшто не му се допаѓало“.

Меѓутоа, изворот нагласува дека „пијаните ноќи“ со Адел не се нешто непримерно, и дека Меган нема причина да се лути.

„Како што слушнав, нема тука флертување, иако Хари неколку пати повтори дека е воодушевен од изгледот на пејачката“, заклучи изворот.

Таа неодамна ослабна околу 40 килограми и ја доведе својата линија до совршенство.

Фото: Инстаграм

Слични објави

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо
Се вчитува....