10:19 - 7 ноември, 2026

Македонска гордост: Прилепчанецот Сашо Башески победи на „Никогаш не е доцна“

Македонецот Сашо Башески (54) е еден од годинашните победници на музичкото регионално натпреварување „Никогаш не е доцна“.

Пејачот, кој има потекло од Прилеп, освои најголем број СМС гласови (6.087), а наградата му ја предаде нашата поп-дива Калиопи Букле.

„Нè направи многу горди. Многу сум среќна. Ти благодарам што нè потсети на едно убаво време кога се пееше не само со грло, туку и со емоции!“, изјави Калиопи.

Инаку, Башески неодамна се соочи со неубава семејна ситуација – неговата мајка Павлина доживеа мозочен удар. Сепак, нејзината состојба сега е многу подобра и тоа му дало поттик да продолжи да се натпреварува во „Никогаш не е доцна“.

„Мајка ми беше во една од минатите емисии и кратко потоа имаше мозочен удар. Беше тоа мошне тешка ситуација и мислев да се повлечам од натпреварувањето, како и од фестивалот во Прилеп, каде што треба да настапувам, но потоа состојбата почна да ѝ станува сè подобра и подобра. Сега веќе е сосема добро и тоа ми даде поттик и сила да продолжам“, изјави тој.

Слични објави

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.
Се вчитува....