22:06 - 10 ноември, 2026

ЛЕПА БРЕНА и Боба Живоиновиќ ја продаваат луксузната вила!

Лепа Брена и Боба Живоиновиќ донеле одлука да ја продадат вилата на Бежаниска коса, а сумата што ја бараат за неа е 2 милиони евра.

Фолк ѕвездата и поранешниот тенисер вилата ја имаат од 90-те години на минатиот век, но таа за нив сега станала преголема. Филип и Стефан Живоиновиќ веќе се отселиле, а и другиот нивни син Виктор планира да започне да живее под сопствен покрив.

По желбара на Брена, наводно парот ќе купи нова куќа на Дедиње или Сењак, бидејќи тој крај отсекогаш ѝ се допаѓал.
„Желбата на Брена и порано беше да се пресели на Дедиње или Сењак, повеќе ѝ се допаѓаат тие делови од градот. Сега е идеална прилика да го исполни својот сон. Новата куќа што ќе ја купат ќе биде многу помала, не повеќе од 300 квадрати“, раскажал изворот.

„Ние купивме голема куќа за да бидеме со децата, но сега тоа е приказна во која секој родител е среќен што неговото дете се осамостоило и што сака некаков свој личен живот, што е сосема нормално, бидејќи не е нормално да живеете со родителите после 22-23 година. Ама јас како мајка еден ден добро се изнаплакав. Плачев и кога Филип отиде на факултет, кога си отиде од дома, исто и Стефан, куќата е празна ако ги нема децата во неа“, рекла Брена.

Слични објави

(Фото) Сара Јо го прослави 33. роденден во друштво на најблиските, а Алексеј Бјелогрлиќ не ја испушташе од прегратка

Еспресо

(Фото) Елеганција во црвено — Анета Љумаковска во впечатлив костум покрај сопругот на „Фолк фест Роса“

К.С.

(Видео) Мијата со симболичен подарок ѝ пренесе на Емели Санде дел од македонската традиција

Еспресо

Ѓина Џиновиќ со емотивна порака ѝ го честиташе роденденот на мајка си Мелина: „Ти си мојот најголем пример…“

apostolova

Колегите ја обвинија Мина Костиќ за кражба: „Зеде 500 евра, ја бркаа по град и бегаше на помошен излез“

Е.А.

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.
Се вчитува....