3.8 C
Скопје
02:53 - 19 април, 2024

Ексцентричниот Принц ја обожавал виолетовата боја, со денови не спиел, а починал од опијат 50 пати посилен од хероин

Поминаа повеќе од четири години откако почина легендарниот пејач Принц, еден од највлијателните музичари на сите времиња.

Почина откако неколку дена пред смртта му се слошило во авионот во кој патувал на концерт. Резултатите од тестовите од обдукцијата покажаа дека музичарот умрел од предозирање со таблети против болки. Неговата вила била преполна со лекови против болки и рецепти на туѓо име. Срцето му застанало бидејќи си вбризгал опијат 50 пати посилен од хероин. Некои рецепти се на негово име, но повеќето биле на измислени имиња или имиња на неговите телохранители.

Благодарение на неговиот препознатлив музички стил, Принц во текот на 40-годишната кариера продал повеќе од 100 милиони албуми.

Profimedia

Негувал имиџ на мистериозна ѕвезда, а фановите го почитувале тоа. Ретко давал интервјуа.

Ексцентричните промени на името, необичните настапи и единствениот изглед придонеле за митовите за овој музичар. Но можеби најмногу изненадува што некои од најпретераните приказни се всушност вистински.

1. Не спиел – вистина

Принц бил опседнат со музиката и работел без престан. Бил толку посветен на работата што понекогаш останувал буден со денови. Во едно интервју рекол дека не познава никого кој може да издржи без спиење колку него.

2. Бил припадник на Јеховини сведоци – вистина

Принц одел на состаноците на Јеховините сведоци и како и останатите припадници, одел од врата до врата и проповедал.

3. Не верувал во време – вистина

Можеби звучи како мит, но Принц во повеќе наврати ја објаснувал теоријата дека времето е всушност трик. Објаснувал дека луѓето го дефинирале времето, но бидејќи тој не ги обележувал родендените ниту ги следел датумите, верувал дека има единствено доживување на времето.

4. Го оперирал колкот – нејасно

Покрај високите потпетици и шарената облека, стапот за одење бил дел од имиџот на Принц на почетокот на 90-години на минатиот век. Во 2005 година почнаа да се шират гласини дека тоа е поради проблемите со неговиот колк. Се зборуваше дека планира да оди на операција, но откако им се приклучил на Јеховините сведоци, одбил да оди на замена на колкот бидејќи верата не му дозволувала трансфузија. Принц никогаш не дал официјална изјава за ова, па затоа овој мит останува нејасен.

5. Интериерот на неговата куќа бил виолетов – веројатно вистина

Виолетовата боја е заштитниот знак на Принц. По неговата смрт, Нијагарините водопати осамнале во оваа боја за да му се оддаде почит. Наводно Принц интериерот на својот дом го обоил со виолетова боја. Оваа приказна се појави во 2006 година, кога Карлос Бузер, кој му изнајмил куќа во Лос Анџелес, го тужел Принц бидејќи „Ѕидовите на куќата ги украсил со виолетови ленти и симболи на љубовта“. Но тужбата била отфрлена.

Бившата сопруга на Принц Мајте Гарсиа во нејзината книга откри шокантни детали од тешкиот развод со пејачот. До развод дошло кога Принц и Мајте го изгубиле својот прв син само шест дена откако Мајте доживеала спонтан абортус на нивното второ дете.

Профимедиа

Разводот бил ужасно тежок, а единствено што Мајте сакала да земе бил пепелот од нивниот син, но откако се разделила со Принц, никако не можела да стигне до него.

„Заедничка пријателка ми се јави и ми кажа дека слушнала нешто многу вознемирувачко. Принц му наредил на асистентот да ја запали куќата и сè што го потсетува на мене и на детето, како и сè што се наоѓа во детската соба – креветчето на Амиир, играчките, облеката, сè, дури и урната“, открила неговата сопруга во книгата.

Слични објави

„Црна“ низа денови: Два хороскопски знаци ќе имаат неволји во втората половина на април

еспресо

(Фото) Секси мама: Антониа Гиговска во провокативен фустан на моден настан во Хрватска

Еспресо

Саботажа: Џенан Лончаревиќ се сомнева дека жена му намерно го одовлекува разводот со врски

Еспресо

(Фото) Цеца покажа во каков луксуз го прослави првиот роденден внукот Крстан: Како во бајка

Еспресо

(Фото) Братот на Новак Ѓоковиќ и сопругата се најдоа среде бурата во Дубаи: Споделија морничави кадри

Еспресо

(Фото) Ова ли е Меган Маркл? Облечена во маица од 60 долари и речиси беш шминка

еспресо
Се вчитува....