6.8 C
Скопје
06:22 - 21 февруари, 2026

Крис Џенер откри колку Ким и Кајли заработуваат за една објава на Инстаграм

Крис Џенер одлучила првпат да проговори за деловното царство кое го изгради во последните 15 години.

Мајката и менаџерка на Ким, Кортни, Клои Кардашијан, Кендал и Кајли Џенер, се согласила на интервју за „CBS Sunday Morning“, во кое зборуваше за успехот кој го постигнаа нејзините ќерки во продажба на козметика и облека и во платено рекламирање на туѓи производи.

„Моите ќерки постојано добиваат понуди да објават реклама на некоја кампања, бренд или социјална мрежа. Секоја од нив има надомест кој го бара за објава на Инстаграм, Инстаграм-стори, за Фејсбук. Имаат цела табела за надомест за реклами“, рекла Крис.

Бидејќи сите девојки од кланот Кардашијан-Џенер имаа милиони следбеници на социјалните мрежи, јасно е дека од потенцијалните клиенти можат да бараат и прилично големи износи.

„Дефинитивно тоа се суми од шест-цифрени бројки“, открила Крис, додавајќи дека износот зависи од тоа што рекламираат, но и од тоа која ќе ја објави рекламата. Имено, Ким, Клои, Кајли и останатите, немаат ист ценовник.

Поголеми суми наплаќаат за рекламирање на „фармацевтски производи и производи кои се пијат или се ставаат на телото“.

Со оглед на тоа дека последните месеци, Клои, Ким и Кортни се најдоа на удар на критики поради промовирање на  детокс чаевите и шејкови, што содржат состојки кои агенцијата за храна не ги одобрила, јасно е зошто за такви објави бараат повеќе пари.

Крис проговори и за својот приватен живот, односно за односот со Кејтлин Џенер. На прашањето дали се во контакт, одговорила: „Не, не сме во контакт. Децата се. Тие се ОК со тоа“, изјави таа.

Слични објави

(Фото) Маја Шупут и Шиме не ги тргаат рацете еден од друг: Разменуваа нежности и на летот до новата дестинација

Еспресо

Марко Гачиќ откри како изгледаат прославите кај Брена и Боба: Се качуваат по маси

Еспресо

Ела Дворник објави ретки фотографии со ќеркичката, имаат голема причина за славење

Еспресо

(Видео) Северина му го честиташе 14. роденден на синот: Минав низ бури само за да те прегрнам

Еспресо

Наташа Беквалац конечно проговори за Мина и Каспер! Еве што вели за тоа дека сакал да се ожени со неа…

Еспресо

(Фото) Девојката со крилја е бремена, го очекува второто дете! 

Еспресо
Се вчитува....