3.8 C
Скопје
19:38 - 18 февруари, 2026

Кралското семејство со изненадувачка реакција откако Меган јавно откри дека го загубила бебето

Меган Маркл за Њујорк Тајмс откри дека доживеала спонтан абортус откако таа и принцот Хари се преселиле во САД. Војвотката од Сасекс изјави дека го загубила второто дете откако почувствувала „силен грч“ во стомакот додека во месец јули му менувала пелена на синот Арчи.

Иако се шпекулираше дека принцот Хари и таа не се во добри односи со кралското семејство – поддршката по објавата во голема мера пристигна од Велика Британија.

„Принцот Чарлс беше голема поддршка за Хари и Меган во текот на нивниот период на тагување. Целото кралско семејство е многу тажно поради Хари и Меган“, откри за US Weekly извор близок на семејството.

Од палатата за магазинот изјавија дека спонтаниот абортус на Меган е нејзина лична работа.

Во изјавата за Њујорк Тајмс, Меган опиша дека и се слошило во домот во Лос Анџелес.
Како што изјави, најтешко и паднало да го гледа принцот Хари како тагува додека и таа самата се „распаѓа на делови“.

„Откако му ја променив пелената на Арчи, почувствував грч. Се спуштив на подот со него во рацете, пеејќи му песничка со цел да се смириме и двајцата. Веселата мелодија беше целосен контраст на моето чувство дека нешто не е во ред“, напиша таа.

Во рубриката под називот „Загуби кои ги споделуваме“ таа напиша:

„Додека го држев своето првородено дете, знаев дека го губам второто“.

Слични објави

Малечко девојче го украде шоуто на концертот на Нина Бадриќ: Ѝ даде неочекуван подарок

Еспресо

Јелена искрено проговори за почетоците со Слоба Радановиќ: Имав анксиозност, не верував дека постојат такви лудаци

Е.А.

(Фото) Романтично дежа ву: Парис Хилтон повторно запросена од сопругот, овојпат пред нивните деца на плажа во Туркс и Кајкос

Еспресо

Конфликт на „Пинкови ѕвезди“: Бојана Лазиќ го прекина шоуто по остриот настап на Десингерица

Еспресо

Познатиот српски јутјубер уапсен по несреќата: Пијан предизвикал судир! Се огласи неговиот адвокат

Еспресо

(Фото) Жените полудуваа по него, а сега има 170 килограми: Дали се сеќавате на Ервин од „Големиот брат“?

Еспресо
Се вчитува....