Истражувањето кое го спроведе брендот Blubela, кој произведува долна облека и костими за капење, ѝ ја донесе на Ирина Шајк титулата Кралица на бикинито.

За постовите на Инстаграм, на кој има 12,3 милиони следбеници, а на кои позира во костими за капење од брендот Hunza G, добива до 67.000 евра.

Алесандра Амброзио, која има во просек 150.000 лајкови на објава е на второто место.

На третото е Емили Ратајковски, која ја следат 23,3 милиони луѓе.

На четвртото место е „плус сајз“ моделот Ешли Грејем со 8,6 милиони следбеници на Инстаграм.
Потоа следуваат Кендис Свонпул и Роузи Хантингтон Вајтли.