13:49 - 27 ноември, 2026

КРАЛИЦАТА ЈА ОДБИЛА НАГРАДАТА ЗА СТАРИ ЛУЃЕ: Важно е како се чувствувате

кралица елизабета

Кралицата Елизабета Втора, која има 95 години, ја одбила наградата за стари лица што ја доделува британското списание, бидејќи сметала дека не ги исполнува условите за тоа, пишува „The Oldie“.

Списанието, кое се претставува како „лесна“ алтернатива на медиумите „опседнати со младоста и славата“, откри дека ѝ предложиле на Бакингемската палата да ја доделат наградата „The Oldie of the Year“ на кралица која е на престолот речиси седум децении.

Во вторникот, весникот објави писмо испратено на 21 август од шкотскиот замок Балморал, каде кралицата живее кон крајот на летото, потпишано од нејзиниот личен секретар, Том Леинг-Бејкер.

кралица елизабета
Фото: EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

Кралицата мисли дека наградата не е за неа

„Нејзиното Височество мисли дека сте толку возрасни колку што се чувствувате и затоа мисли дека не ги исполнува условите за тоа“, се вели во писмото.

Откако поминала долго време во изолација во замокот Виндзор во близина на Лондон и покрај шпекулациите дека ќе се пензионира по смртта на нејзиниот сопруг Филип, Елизабета Втора неодамна учествуваше на многу јавни настани. Минатата недела, таа беше видена во јавноста како шета со бастун, за првпат од 2004 година.

кралица елизабета принц филип
Фото: EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

Принцот Филип, кој почина во април на 99-годишна возраст, ја доби истата награда што кралицата ја одбила, во 2011 година по повод неговиот 90-ти роденден.

„Ништо не е толку погубно за моралот како кога ќе ве потсетат дека годините поминуваат“, напиша тогашниот војвода од Единбург, познат по својот специфичен хумор. „Но, убаво е кога ќе се сетата на вас“, истакна тој.

Слични објави

Го нарекуваат „природен Оземпик“, а го има во речиси секоја кујна — дали овој евтин производ навистина помага при слабеењето?

К.С.

Николина Ковач и Саша Капор за брачните предизвици и семејната хармонија: „Никаде не е идеално…“

Е.А.

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

(Видео) Владо Јаневски во „Евергрин“ ја запиша својата тајна географија на Скопје

Т.Ц.

Марија Шерифовиќ нема да ја претставува Србија на Евровизија 2027: „Поради бројните професионални обврски не ја прифати поканата“

Е.А.

Дневен хороскоп за 27 ноември: Не дозволувајте промените во расположението на другите луѓе да ви пречи

apostolova
Се вчитува....