18.8 C
Скопје
04:43 - 16 јули, 2025

ИСПОВЕД НА ЌЕРКАТА НА МАДОНА: Мајка ми ме контролираше цел живот, морав да станам независна

лордес леон

Лордес Леон, ќерката на познатата пејачка Мадона, тврди дека нејзината мајка е „контрол фрик“, и дека ја контролирала „цел живот“.

„Мајка ми ме контролираше цел живот. Морав да станам целосно независна штом ќе завршам средно училиште“, откри Лордес за „INTERVIEW MAGAZINE“, додавајќи дека чувството на независност го стекнала плаќајќи за факултет и стан.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by LOURDESLEON (@lourdsleon)

„Имам чувство дека мајка ми ги гледала другите деца на познатите личности, па одлучила дека нејзините деца нема да бидат такви“, ја објаснува Лордес филозофијата на Мадона.

Таа посочи дека мисли дека ако родителите плаќаат за потребите на своите деца и други работи, со тоа имаат поголемо влијание врз нив. Лордес вели дека нејзината мајка ја охрабрила да „расте“ во нејзината манекенска кариера, но и воопшто.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by LOURDESLEON (@lourdsleon)

„Мајка ми постојано инсистира да размислувам за она по што сакам да бидам позната и дека тоа не треба да е само мојот изглед. Не сакам луѓето да ме паметат само по тоа“, вели таа, посочувајќи дека смета дека манекенството е паметна одлука, што се однесува до финансиски аспект.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by LOURDESLEON (@lourdsleon)

„Уживам во кампањите кои ги работам и во кои всушност учествувам и имам влијание, така што не сум само модел“, истакна Лордес.

Леон вели дека ја интересира и танц, мода и естетика, но вели дека не е решена за актерска кариера. Ќерката на Мадона исто така го пофали музичкиот талент на нејзината мајка, велејќи дека разбира колку е влијателна и неверојатна и дека ги охрабрува другите жени и секогаш е пред своето време.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by LOURDESLEON (@lourdsleon)

„Тоа не го разбирав во целост додека не ја сфатив важноста и што значи да се биде жена. Таа е веројатно најголемиот работник што сум го видела некогаш. За жал, јас не го наследив тоа“, заклучи најстарата ќерка на Мадона.

Слични објави

Нада Топчагиќ доживеала шок на море: Пејачката во паника, во мијалникот нашла змија долга 2 метри

Еспресо

(Фото) Длабоко деколте и каубојски чизми: Анастасија Ражнатовиќ ги „распамети“ сите со стајлингот додека се дружеше со золвата

Еспресо

Жика Јакшиќ доживеал мозочен удар и има проблеми со говорот

Еспресо

Зошто Петар Грашо секогаш носи очила за сонце? Откриена е тајната на заштитниот знак на пејачот!

Еспресо

Шок: Откако по разводот го напушти семејниот дом, поранешниот сопруг на Марија Микиќ замина од Србија

Е.А.

(Фото) Новите фотографии на Емина Јаховиќ започнаа цела дебата на Инстаграм:„ Лага е дека оваа жена е природно убава“

Еспресо
Се вчитува....