00:06 - 17 септември, 2026

(ФОТО+РЕЦЕПТ) ШЕФ БРАНКО ПОПОСКИ: Засладете си ја душата со чизкејк со слатко од зелени смокви

шеф бранко чизкејк
На наше задоволство и чест, страничките на еспресо.мк ги разубавува и популарниот шеф Бранко Попоски, познат под псевдонимот „Готвиме со Бранко“ („Cooking with Branko“).
Овој врвен готвач, гастроном и љубител на кулинарството ни открива рецепт за подготовка на чизкејк со слатко од зелени смокви.
„Верувајте, секое парче ќе ве тера да мислите на наредното“, вели Бранко.
чизкејк бранко
Фото: Приватна архива

Потребни состојки:

  • 220 гр посна плазма
  • 100 гр растителен маргарин или кокосово масло
  • 50 гр кафеав шеќер
  • 500 гр. маскарпоне (веганско)
  • 100 гр крем сир
  • 500 мл хопла
  • 100 гр слатко од смокви
  • сок од слатко од смокви
  • ванила екстракт
  • махлеб
шеф бранко, чизкејк
Фото: Приватна архива

Начин на подготовка:

Кокосовото масло или растителниот маргарин го топите во сад на оган, го додавате кафеавиот шеќер и мешате постепено се додека не се растопат.Смесата ја тргате од оган и додавате мелена плазма и убаво мешате се додека не се натопи мелената плазма. Во округли сад ја истурате смесата од мелената плазма, маргаринот, кафеавиот шеќер и формирате кора со дебелина одоколу 1цм. Ја тапкате убаво за да се залепи за подот од садот. Во длабок стаклен сад, го додавате маскарпонето, крем сирот, хоплата и сокот од слатко од смокви. Матите со миксер се додека смесата не се згусне и не добие кремаста текстура. Врзо кората од плазма, ја истурате смесата од стаклениот сад и ја поставувате рамномерно врз кората. Оставате да се зацврсти околу 2-3 часа. Врз смесата додадете смокви на кругови.

Слични објави

Сања Вучиќ донесе одлука – пејачката ќе ги трга тетоважите од своето тело

Еспресо

(Видео) Јована Јеремиќ и Тигар не можеа да ја контролираат страста среде емисија – се појави шокантно видео од парот

Еспресо

(Видео) Ханка Палдум доби своја кукла, инспирирана од нејзиното впечатливо издание во Сараево

Еспресо

Едита првпат отворено за таткото на нејзината ќерка: „Само бегав, не сакав моето дете да пати“

Еспресо

Бившиот на Јована Јеремиќ прави свадба за 500 гости: Ќе пее половина естрада

Еспресо

(Фото) За секоја прослава што заслужува совршена атмосфера, Villa Diva е изборот што остава впечаток

Еспресо
Се вчитува....