Младата музичка ѕвезда Анџела Игњатовиќ, попозната како Бресквица, наводно ја прекинала својата долгогодишна емотивна врска со партнерот Немања. Иако многумина очекуваа дека по пет години љубовта ќе ја крунисаат со брак, дошло до ненадеен пресврт кој ги изненади нејзините бројни обожаватели.
Нивниот однос веќе подолго време не бил стабилен, а конечниот раскин се случил пред околу два месеци, по што пејачката веќе се иселила од заедничкиот дом каде што живееле. Според извори блиски до пејачката, Анџела и Немања неодамна пробале да и дадат уште една шанса на својата љубов, но бидејќи тоа не функционирало, сфатиле дека е најдобро да се разделат.
Фановите први забележаа дека нешто не е во ред бидејќи парот одамна не се појавил заедно во јавноста, а иако Бресквица сè уште јавно не ги потврдила овие наводи, нејзиното заминување од заедничкиот стан е јасен знак дека навистина е ставена точка на нивната петгодишна романса.
