12:19 - 13 ноември, 2026

Последната Мис Југославија со години ја делеше сцената со Тина Тарнер, а денес е успешна бизнисменка

Пред триесетина години, Ивана Брнелиќ, доживеа привилегија за која повеќето можат само да сонуваат – со години ја делеше сцената со легендарната Тина Тарнер, со која танцуваше на целосно распродадени концерти ширум светот и градеше кариера за каква што многумина сонуваат.

„Кога работиш со најдобрите луѓе, тие ти покажуваат дека тоа е многу повеќе од танц. Кога работиш со личност како Тина Тарнер, таа функционира на сосема поинакви вибрации. Нејзината длабочина е нешто што навистина не можам да го опишам со зборови“, вели Ивана.

Цели осум години Ивана ја придружуваше кралицата на рокенролот на големи светски турнеи, а и по завршувањето на соработката за неа зборува со огромна почит и топлина.

„Всушност, ми покажа дека нема граници. Човек секогаш се ограничува дека нешто може до одредена мера или дека повеќе не може поради нешто. Таа е личност која е целосно отворена и нејзиниот талент е толку огромен што, кога си во нејзина близина, сфаќаш колкав е тоа универзум, еден цел свет“, изјави претходно за InMagazin.

Instagram

Последниот настап со Тина Тарнер го имала на доделувањето на наградите Греми, по што се вратила во Хрватска и во родната Риека отворила студио за танц. Денес својата креативна енергија, чувство за простор, ритам и емоција ја насочува кон дизајн на ентериер. Заедно со приватниот и деловен партнер Иван Ковачиќ, чекори по нови патеки, занимавајќи се со редефинирање на пазарот на луксузни недвижности во Хрватска.

 

Слични објави

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.
Се вчитува....